
Струга и Захариевски неочекувано се разделија!
Струга лошо влезе во сезоната со две ремија, прво кај Тиквеш (1-1), а потоа и со Македонија ЃП без голови, во мечот на кој Бесарт Ибраими промаши два пенали, но клубот се реши за разделба со својот кормилар кој скоро три години беше на клупата, иако сѐ уште се први на табелата во Првата лига.
Струга со Захариевски во 2021 година првпат излезе во Европа, а сезонава се бори за трофеи, но раководството многу брзо реши да ја прекине соработката.
„Сакаме да ја информираме целата јавност дека е прекината соработката со нашиот тренер Захариевски, кој скоро три години беше на клупата. Ти благодариме Срле“, објавија меѓудругото стружани.