Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 „СТРОГО ДОВЕРЛИВО“:  Србија извезла две пратки оружје во Израел
Регион

„СТРОГО ДОВЕРЛИВО“: Србија извезла две пратки оружје во Израел

12/03/2024

AA

Од октомври 2023-та Србија извезла две пратки оружје во Израел, тврди БИРН. 

По нападот на палестинската терористичка организација Хамас во октомври минатата година врз Израел, Србија извезла најмалку две големи пратки оружје во Израел. Оваа информација денеска ја објави Балканската истражувачка мрежа (БИРН), а Министерството за внатрешна и надворешна трговија не одговорило на прашањето со кое би ги потврдило или негирало овие наводи.

Информациите за извозот на оружје во таа блискоисточна земја се водат под ознаката „строго доверливо“, гласел одговорот на тоа министерство, кое одбило да му даде на БИРН информации за извозот на оружје во Израел од октомври. Информацијата е побарана врз основа на барање за пристап до информации од јавно значење.

Од Министерството наведуваат дека во одлуката се предвидува дека се работи за тајни информации од интерес на Србија и дека со нејзино доставување би се ставиле на располагање информации „кои може да се сметаат за деловна тајна“.

Според БИРН, ваквиот одговор од Министерството за внатрешна и надворешна трговија е „невообичаен“, бидејќи вообичаено рутински им дава на новинарите информации за извозот на оружје, како што се информации за видот и количеството на извезеното оружје, компаниите вклучени во извозот, како и кои се крајните корисници на тоа вооружување.

Ова е само вторпат во последните неколку години ова министерство да одбие да му ги достави на БИРН податоците барани согласно Законот за достапност на информации од јавно значење, забележува мрежата. Неодамна го сторило тоа во октомври минатата година, кога, според БИРН, одговорило дека откривањето на информациите за продажба на муниција пронајдени по вооружениот конфликт меѓу паравоена група Срби и косовската полиција во Бањска, на северот на Косово, би ги загрозил „безбедносните интереси“ на Србија.

И покрај одбивањето на Министерството да обезбеди податоци, БИРН открива дека водечката државна компанија за извоз на оружје, Југоимпорт-СДПР, испратила две пратки во Израел од октомври 2023 година до денес, со вкупна вредност од повеќе од еден милион евра.

Според податоците на Царинската управа собрани од порталот Checkpoint, кој на едно место ги собира официјалните податоци на државните институции, „Југоимпорт-СДПР“ во октомври 2023 година извезла стока во вредност од 540.120 евра, а во февруари годинава испратила уште една пратка вредна 510.000 евра за Израел.

Останува непознато дали во истиот период Србија издала уште една дозвола за извоз на оружје во Израел која допрва треба да се спроведе, со оглед на тоа што Министерството го одбило барањето на БИРН.

„Интересот е толку голем што Србија само со еден договор може да продаде сѐ што ќе направи за 30 години“, рече српскиот претседател Александар Вучиќ во изјава за новинарите на 9-ти март во текот на посетата на Воено-техничкиот институт во Белград.

Вучиќ изјави дека Србија го извезува сето оружје што може да го произведе. Претходно, имаше информации дека српско оружје завршило на фронтот во Украина. 

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ВОЗЕЛЕ БЕЗ ДОЗВОЛА И СО ЗАБРАНА Полицијата приведе осум лица,

17/02/2026
Македонија

ЗАЕВ И ФИЛИПЧЕ СО ХЕЛИКОПТЕР НА МВР ЛЕТАА ДО ПРИЛЕП

17/02/2026
Македонија

Реките се полнат, Вардар и Треска неколкупати над просекот: Поплавените

17/02/2026
Македонија

МУРТЕЗАНИ ВО БРИСЕЛ, МАНГОВА ВО ЛОНДОН, ИЉАЗОСКА ВО ХАГ… Владата

17/02/2026
Македонија

Владата ја „освежува“ дипломатијата: Орхан Муртезани оди во НАТО, Илина

17/02/2026
Македонија

„Повредата на данскиот скијач не се случи на патека под

17/02/2026
Македонија

СИНДИКАТОТ БАРА НЕШТО ШТО СДСМ 7 ГОДИНИ НЕ МУ ГО

17/02/2026
Македонија

Сиљановска-Давкова на средба со Никол Варнс: САД остануваат стратешки партнер

17/02/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 41591
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ВОЗЕЛЕ БЕЗ ДОЗВОЛА И СО ЗАБРАНА Полицијата приведе осум лица, еден бил и пијан

17/02/2026

Осум возачи биле приведени во текот на вчерашниот ден во различни градови низ државата поради сериозни прекршоци во сообраќајот. Седуммина

ЗАЕВ И ФИЛИПЧЕ СО ХЕЛИКОПТЕР НА МВР ЛЕТАА ДО ПРИЛЕП Ги злоупотребуваа државните ресурси, а

17/02/2026

СДСМ повторно покажува дека нема никаква визија и идеја за развој на Македонија,  без идеи секојдневно растура пердуви во јавноста

Реките се полнат, Вардар и Треска неколкупати над просекот: Поплавените подрачја се санираат!

17/02/2026

Обилните врнежи од дожд предизвикаа драстичен пораст на нивото на реките низ целата држава, оставајќи ги надлежните служби во состојба

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy