Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Строгите забрани не секогаш штитат, Словенија преплавена со нелегални вејпови и никотински производи
Македонија

Строгите забрани не секогаш штитат, Словенија преплавена со нелегални вејпови и никотински производи

10/02/2026

AA

Примената на строги мерки за забрана на ароматизираните никотински производи во дел од европските земји отвори сериозни прашања за нивната ефикасност. Законот за заштита од пушење, наместо да донесе очекувани здравствени придобивки, во некои случаи доведе до пораст на црниот пазар.

Како што предупредува Стопанската комора, предложениот закон во Македонија, инспириран од словенечкиот модел, може да биде неприменлив. Словенија, која во 2024 година воведе забрана за ароматизирани вејпови и вкусови за уреди за загревање, сега се соочува со сериозни предизвици во контролата на пазарот. Дополнителен аларм претставува примерот од Латвија, каде рестриктивните политики резултираа со уште подлабоки проблеми.

Токму таков е случајот сега, а од Финансиската управа на Република Словенија соопштија дека се соочуваат со повеќе прекршоци на набавка на никотински производи преку интернет.

„Поголемиот дел од прекршоците утврдени досега во областа на увозот од страна на физички лица се поврзани со увозот на електронски цигари (или сродни производи), што е забрането. ФУРС врши континуиран надзор, со службени лица присутни во секое време, како во патничкиот, така и во поштенскиот сообраќај, каде што сите пратки што пристигнуваат од трети земји се предмет на надзор.“, соопштија од Управата.

Покрај преку интернет, Управата спроведува и засилени акции на терен. Една од поголемите заплени на нелегални цигари и ароматизирани вејпови се случила на главниот пазар во Марибор.

„Потрошувачите често не знаат дека производите, покрај тоа што се поевтини, тие содржат непроверени хемикалии и се произведени во неприфатливи хигиенски услови“, изјави Марко Хорват, директор на подрачната единица на ФУРС. 

Покрај негативното искуство во Словенија, слични резултати од рестриктивните забрани има и во Латвија, каде од први јануари 2025 година е забранета продажбата на ароматизирани никотински производи. Државата регистрира пораст на црниот пазар и значителен дефицит во државниот буџет.

Според пишувањата на локалниот медиум la.lv, постоеле постојани предупредувања дека ваквите ограничувања се непотребни, бидејќи и онака продажбата на малолетници е забранета, а популарните ароматизирани производи ќе се преместат во нерегулираниот црн пазар.

„Се чини дека овие предупредувања се материјализираа. Податоците за приходите од акцизи за првите три месеци од 2025 година покажуваат дефицит од над 1,5 милиони евра, при што трговците пријавуваат масовен егзодус на клиенти на нелегалниот пазар каде што производите немаат контрола за квалитетот и државен надзор. Обемот на нелегалниот пазар, наводно, достигнува 42,4% од вкупната потрошувачка во првите четири месеци од 2025 година, што е зголемување во однос на 31,4% во 2024 година“, пишува медиумот.

Од регионот, со големи маки со црниот пазар на вејпови се соочува и Бугарија, каде само една откриена голема пратка од вејпови произведени во Русија, без контрола на составот, му нанела штета на буџетот од околу 500 илјади евра.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

📽️ НЕМА КОМПРОМИС СО КРИМИНАЛОТ, ПОРАЧАА ТОШКОВСКИ И МИЦКОСКИ Првично

10/02/2026
Македонија

ССМ: Во четврток протест пред Стопанска комора, во вторник пред

10/02/2026
Македонија

Филипче: СДСМ ќе побара намалување на цените на патарините

10/02/2026
Македонија

ФИЛИПЧЕ ДА НЕ ГЛУМИ СОЦИЈАЛДЕМОКРАТ ОД ТЕМУ ЗА ПАТАРИНИТЕ Кога

10/02/2026
Македонија

ВИДЕО ОД ЗАПЛЕНЕТИТЕ 40 ТОНИ МАРИХУАНА Владата најави комисија, истрагата

10/02/2026
Македонија

Рокот истече, оглас нема: Собранието сè уште без постапка за

10/02/2026
Македонија

Строгите забрани не секогаш штитат, Словенија преплавена со нелегални вејпови

10/02/2026
Македонија

ПРЕВЕНТИВНО ПОВЛЕЧЕНО МЛЕКО ЗА БЕБИЊА „АПТАМИЛ“ Повлечени се неколку серии

10/02/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 41289
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

📽️ НЕМА КОМПРОМИС СО КРИМИНАЛОТ, ПОРАЧАА ТОШКОВСКИ И МИЦКОСКИ Првично запленетите 40 тони марихуана ќе

10/02/2026

Министерството за внатрешни работи ги објави првите снимки од досега запленетите 40 тони марихуана во големата полициска акција. Министерот Панче

ССМ: Во четврток протест пред Стопанска комора, во вторник пред Влада!

10/02/2026

Со барање за зголемување на минималната плата на 600 евра и покачување од најмалку 100 евра на останатите примања, Сојузот

Филипче: СДСМ ќе побара намалување на цените на патарините

10/02/2026

Претседателот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, д-р Венко Филипче, во одговор на новинарско прашање, најави дека СДСМ во наредниот период

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy