Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 СТРЕС ТЕСТ ЗА БАНКИТЕ: Да се имплементира  во донесување на одлуките
Економија

СТРЕС ТЕСТ ЗА БАНКИТЕ: Да се имплементира во донесување на одлуките

11/04/2023

AA

Народната
банка постојано вложува ресурси во јакнењето на сопствениот капацитет,
но што е уште поважно и во капацитетот на банките за стрес-тестирање.
Toa e една од главните алатки за утврдување и управување
со ризиците и ранливостите во профилот на ризик или деловниот модел на
банките. Тие не се само една вежба којашто треба да ја вршат банките
заради исполнување на обврските пропишани од регулативата или
супервизорите. Банките треба да спроведуваат низа различни
стрес-тестирања, покривајќи низа различни сценарија, земајќи ги предвид
врските меѓу одделните ризици и условите на пазарот. Најважно е банките
потоа да ги искористат резултатите од стрес-тестирањето.“ Ова го
истакна Викторија Глигорова, генералната директорка
на Секторот за супервизија во Народната банка, во интервју дадено за
електронскиот билтен на Македонската банкарска асоцијација.

Говорејќи
за потребата од редовно вршење стрес-тестирање од страна на банките
коешто супервизорите го користат како една од алатките за оцена на
отпорноста на банките на различни шокови, Глигорова се осврна
на Базелските принципи за ефикасна банкарска супервизија, нагласувајќи
дека „со нив се  укажува дека е потребно стрес-тестирањето да биде
составен дел од целокупната култура на управување, вклучително и
управувањето со ризиците во банките, а резултатите од
стрес-тестирањето треба да влијаат врз донесувањето одлуки, вклучително
и врз стратегиските деловни одлуки на највисоко ниво.“

Генералната
директорка на Секторот за супервизија истакнува дека банките го
вградуваат стрес-тестирањето во системот за управување со ризиците,
бидејќи укажува на можните негативни исходи од изложеноста
на банките на различни ризици и им дава информации на банките и
супервизорите за финансиските ресурси коишто би биле потребни за да се
апсорбираат загубите доколку се случат такви шокови. 

Глигорова
додава: „Во следниот период една од областите во кои ќе бидеме насочени
е стрес-тестирањето поврзано со „зеленото финансирање“, што секако е во
согласност и со тековните напори на ова поле на
меѓународно ниво.“

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Филипче остро по падот на Орбан: ВМРО-ДПМНЕ го изгуби сојузникот,

12/04/2026
Македонија

ВЕТЕР СО НАД 60 KM/ЧАС И ПРОМЕНЛИВО ВРЕМЕ Почетокот на

12/04/2026
Македонија

Метео аларм: Силен ветер долж Повардарието со над 60 км/ч

12/04/2026
Македонија

Обид за опожарување на Еврејската заедница и синагогата во Скопје

12/04/2026
Македонија

ЈАНЕЗ ЈАНША ВО ЖЕСТОК ДУЕЛ СО МАКЕДОНКАТА СТОЈМЕНОВА ДУХ Кој

12/04/2026
Македонија

5 ВОЗАЧИ ДИВЕЕЛЕ НА ПАТИШТАТА Фатени за безобѕирно возење, без

12/04/2026
Македонија

ЦИКЛОНОТ ОД ЏЕНОВА ЌЕ ДОНЕСЕ ПРОМЕНЛИВО ВРЕМЕ По празниците нè

12/04/2026
Македонија

МЕРКАТА ЗА САМОВРАБОТУВАЊЕ ВО ПОДЕМ КАЈ МЛАДИТЕ Речиси 1.900 бизниси

12/04/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42416
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Филипче остро по падот на Орбан: ВМРО-ДПМНЕ го изгуби сојузникот, нема веќе криење за Груевски!

12/04/2026

Лидерот на опозициската СДСМ, Венко Филипче, преку социјалните мрежи упати силна реакција по повод историскиот пораз на долгогодишниот унгарски премиер

ВЕТЕР СО НАД 60 KM/ЧАС И ПРОМЕНЛИВО ВРЕМЕ Почетокот на неделата со сонце, па дожд

12/04/2026

Времето во понеделник, 13 април, ќе биде сончево со умерена облачност. Ќе дува умерен, а наместа долж Повардарието повремено засилен

Метео аларм: Силен ветер долж Повардарието со над 60 км/ч

12/04/2026

За утре (13 април 2026 година) е издадено метеоролошко предупредување поради најава за засилени воздушни струења и силен ветер во

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy