Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Бесими: РС Македонијa 30 години дел од ОН и придонесува за зачувување на мирот и безбедноста
Македонија

Бесими: РС Македонијa 30 години дел од ОН и придонесува за зачувување на мирот и безбедноста

11/04/2023

AA

Република Северна Македонија е членка на Организацијата на Обединетите нации 30 години. Во изминатиот период даде придонес во решавање на меѓународни конфликти и во зачувување на мирот и безбедност. Сега веќе како земја членка на НАТО продолжува да дава придонес во одржувањето на безбедноста и мирот во светот, а определбата да стане дел од Европската унија ја насочува да обезбеди развој и економски просперитет.

Ова беше констатирано на средбите на министерот за финансии Фатмир Бесими во седиштето на ОН со заменик-генералниот секретар на Светската организација Амина Мохамед и со регионалната директорка за Европа и Централна Азија Ивана Живковиќ, соопшти МФ.

– РС Македонија се посветува на активностите коишто значат развој и просперитет на државата, притоа имајќи ги предвид Глобалните цели за одржлив развој утврдени од ОН. Заедно со ОН, со коишто и досега имаме одлична соработка и партнерски однос, подготвувавме Национална стратегија за развој која ги дефинира приоритетите и го опишува развојниот пат на земјава во наредните 20 години. Економски развој, заштита на животна средина и енергија, како и јавни финансии се главни идентификувани области во Стратегијата која треба да биде готова до крајот на оваа година, рече министерот Бесими.

Тој додаде дека земјата добива континуирана поддршка од оваа меѓународна организација и дека значајни области во кои е насочена таа е зелената агенда или заштита на животната средина, унапредување на децентрализацијата, сузбивање на сивата економија и слично.

– Можам да потврдам дека нашата земја е една од деветте држави во светот на која и е одобрена поддршка на проект од Фондот за цели за одржлив развој – SDG фонд. Станува збор за проект за воспоставување инструмент за финансирање зелени проекти за подоборување на квалитетот на воздухот и борба со климатските промени. Целта е полесен пристап до средства за проекти за обновлива енергија и енергетска ефикасност за домаќинстватa и за малите и средни претпријатија. Фондот обезбедува 7,9 милиони американски долари, Владата ќе кофинансира со средства во износ од 800 илјади американски долари, а заедно со ЕБОР и вклучените банки програмата се проценува на 46,5 милиони американски долари. Се очекува средствата за крајните корисници да бидат на располагање во средината на оваа година. Тоа ќе овозможи забрзана примена на обновливи извори за енергија и енергетска ефикасност, а кои ќе придонесат кон намалување на загадување на воздухот. Проектот ќе се имплементира од страна на агенциите при Обединетите нации – УНДП, Меѓународна организација за миграција (IOM) и Економска комисија на ОН за Европа (UNECE) – во партнерство со ЕБРД“, рече Бесими.

Со програмите на ОН се работи и на унапредување на фискалната децентрализација, ставање во функција на воспоставените два фонда со Законот за финансирање на локална самоуправа, Фонд за воедначување и Фонд за перформанси, како и за подобрување на капацитетите на општините за наплата на сопствените приходи. Се преземаат активности за сузбивање на неформалната економија, како и за поддршка на области кои се најпогодени од енергетската и ценовната криза. За поддршка во овие области веќе е потпишан Меморандум за соработка помеѓу Министерството за финансии и УНДП, програма на ОН.

Министерот за финансии средбите во ОН ги одржа во рамки на неговата посета во САД, каде што ќе учествува на Пролетните средби на Светска банка и Меѓународниот монетарен фонд и ќе има средби со високи претставници на овие меѓународни финансиски институции.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

РЕГИСТРИРАН ЗЕМЈОТРЕС ОД 3,3 РИХТЕРОВИ СТЕПЕНИ Епицентарот бил во близина

24/09/2026
Македонија

СРЕДБА МИЦКОСКИ-ВУЧИЌ ВО ЊУЈОРК Разговори за унапредување на соработката

24/09/2026
Македонија

ЗАВРШИ ВРЕМЕТО НА ВРАБОТУВАЊЕ САМО ПО ЕТНИЧКИ КЛУЧ Министерот Минчев

24/09/2026
Македонија

КРВАВ ИНЦИДЕНТ ВО СКОПЈЕ Со остар предмет нападнал сосед, неговата

24/09/2026
Македонија

МИЦКОСКИ НА КОМЕМОРАЦИЈА НА ТЕРОРИСТИЧКИТЕ НАПАДИ ВО ЊУЈОРК Марк Руте

24/09/2026
Македонија

ДИРЕКТНА ЛИНИЈА СКОПЈЕ-ДУБАИ ОД МАРТ В ГОДИНА Министерот Николоски за

24/09/2026
Македонија

НА ЗЕМЈОДЕЛЦИТЕ ИМ СЕ ИСПЛАТЕНИ 105,8 МИЛИОНИ ЕВРА, 90% ОД

24/09/2026
Македонија

СО ДАТА-ЦЕНТРИТЕ ОЧЕКУВАМЕ СТРАНСКИ ИНВЕСТИЦИИ ОД 500 МИЛИОНИ ДОЛАРИ Министерот

24/09/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 45787
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

РЕГИСТРИРАН ЗЕМЈОТРЕС ОД 3,3 РИХТЕРОВИ СТЕПЕНИ Епицентарот бил во близина на Битола

24/09/2026

Вечерва во 22:18 часот по локално време, во југозападниот дел на Македонија е регистриран земјотрес со магнитуда од 3,3 степени

СРЕДБА МИЦКОСКИ-ВУЧИЌ ВО ЊУЈОРК Разговори за унапредување на соработката

24/09/2026

Премиерот Христијан Мицкоски во Њујорк остварил средба со српскиот претседател Александар Вучиќ. – Остварив средба со претседателот на Република Србија,

ЗАВРШИ ВРЕМЕТО НА ВРАБОТУВАЊЕ САМО ПО ЕТНИЧКИ КЛУЧ Министерот Минчев ветува мерит систем, каде знаењето

24/09/2026

Заврши времето кога само етничката припадност беше услов за добивање работно место во јавниот сектор, а новиот закон за правична

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy