Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 „Страв ми е кој сѐ остана да работи на скопските клиники“, рече д-р Беќаровски на панел за партиските вработувања
Македонија

„Страв ми е кој сѐ остана да работи на скопските клиники“, рече д-р Беќаровски на панел за партиските вработувања

26/11/2025

AA

Проф. д-р Нико Беќаровски од Клиниката за токсикологија остро ја критикуваше состојбата со вработувањата во здравството, укажувајќи дека многу од најквалитетните кадри заминуваат во странство, додека домашните институции се соочуваат со сериозен недостиг од професионалци.

„Жално и трагично е што во 2025 година, во која било држава да одам, ќе најдам свои студенти – меѓу најдобрите во својата генерација. А кога ќе тропнам на вратите на Клиничкиот центар ‘Мајка Тереза’, искрено се плашам каде ќе тропнам. Можете да замислите каков е квалитетот на кадарот кој се вработува“, изјави Беќаровски на панел-дискусијата „Ни ваши ни наши – реформа за фер вработувања во здравството“.

Настанот беше организиран од Балканскиот центар за конструктивни политики „Солуција“, преку платформата „Граѓанска сила – Замисли“, во партнерство со Македонското здружение на млади правници, Клубот на млади лекари и Асоцијацијата на специјализанти и млади лекари. Организаторите бараат укинување на дискреционото право на директорите при избор на кандидати за вработување.

Катарина Синадиновска од „Солуција“ нагласи дека во изминатите три години биле сменети четири министри за здравство, при што за сите биле иницирани разговори за измени на законската рамка. Таа додаде дека по средбите со актуелниот министер Азир Алиу, организациите се вклучени во работната група која ги подготвува законските измени. Министерот, според неа, потврдил дека 12 закони од областа на здравството се анализираат од здруженија, синдикати, комори и експерти од Министерството – со цел да се синхронизираат и да не ги забавуваат процесите во системот.

Гоце Коцевски од Македонското здружение на млади правници посочи дека здравствениот сектор засега е единствената област каде директорот задржува целосно дискреционо право да избере кој било кандидат, дури и ако не е најдобро рангиран.

„Директорот може да вработи кој сака, без разлика на мислењето на Комисијата, која самиот ја формира. Ако сака – може да го избере и последниот од ранг-листата. Нашиот предлог е Комисијата да не ја сочинува директорот, туку Стручниот колегиум на установата. Тоа значи кандидатите да ги оценуваат лица поврзани со нивната професионална област“, рече Коцевски.

Тој нагласи дека дел од нивните барања веќе се вметнати во работната верзија на законот – јавните огласи да траат најмалку 15 дена, да бидат објавени онлајн, а Комисијата да го спроведува тестирањето и интервјуто во три фази.

Беќаровски, со 35 години стаж на клиника и 33 години како универзитетски професор, пред присутните сподели лични примери за злоупотреба на процесот на вработување.

„Доаѓаат кандидати што однапред ги знаат прашањата. Тестот го решаваат за 10 минути, а ние од Комисијата со 30 години искуство имаме проблем. Потоа следува усмен дел – затворени пликови со прашања, а кандидатот што треба да биде примен – ги знае сите. И кога по сите фази не го избираат, се активира дискреционото право на директорот. На една колешка што поднесе жалба ѝ рекоа: ‘Ти си најпаметна, ама мене ми е најубав кандидатот број 4’. Тоа не е интервју, тоа е форма – а на избраниот му честитаат уште пред да заврши процесот“, опиша тој.

Беќаровски предупреди дека Клиничкиот центар, некогаш симбол на врвност, денеска станува прибежиште на партиски кадар.

„Ако ова не го смениме, џабе и приватното здравство. Старите генерации кои студираа според стандарди ќе заминат во пензија, а ќе останат кадри што едвај преживеале во системот. Искрено, со сите врски што ги имаме, се плашиме на која врата ќе тропнеме“, додаде професорот.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу

10/03/2026
Македонија

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен

04/03/2026
Македонија

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Владата се движи кон автократски модел и не остава

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Буџетот не е во добра кондиција, дел од расходите

03/03/2026
Македонија

РЕФОРМИТЕ ВО ФОКУС НА ВЛАДАТА Мицкоски најави конкретни мерки за

03/03/2026
Македонија

Битиќи предупредува: Цената на гасот веќе е двојно повисока, Македонија

03/03/2026
Македонија

Ангела Николовска од Доха: Денеска е мирно, македонската амбасада работи

03/03/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42209
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу приведените

10/03/2026

Девет возачи вчера завршиле во полициска станица поради тешки прекршоци во сообраќајот, информираа од Министерство за внатрешни работи на Република

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен за неколку кривични дела, ОЈО

04/03/2026

Судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје определи мерка краткотраен притвор од 48 часа против Стојанче Јовановски, сопругот

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци попладне

03/03/2026

Метеоролозите нѐ информираат дека утре претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со услови за појава на

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy