Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Стратешки план: Директна авиолинија Скопје-Њујорк
Македонија

Стратешки план: Директна авиолинија Скопје-Њујорк

08/02/2023

AA

Во тек се и активности за олеснување на визниот режим и непречен влез на македонски државјани со американска виза во САД без спроведување на безбедносни и царински проверки на граничните премини.

Директна авиолинија меѓу Скопје и Њујорк, зајакната економска соработка, можност за американски инвестиции, зајакната борба против корупцијата и владеење на правото, обуки и опрема за македонската Армија – ова се само дел од планираните активности коишто произлегуваат од Стратешкиот дијалог со САД, а коишто беа усвоени на денешната владина седница.


„Со ова го потврдуваме силниот сигнал дека САД се наш стратешки партнер и тоа за нас како држава е од голема важност“, порача на прес-конференција премиерот Димитар Ковачевски. Според шефот на македонската дипломатија, Бујар Османи, земјата влегува во ново поглавје од односите со САД, при што е предвидено зајакнување на соработката во областа на одбраната, сојузништвото во рамките на НАТО и другите безбедносни сегменти. Тоа подразбира одржување заеднички обуки и вежби со САД, како и поддршка и модернизација за опремување на Армијата на Северна Македонија.

Авионска линија и визни олеснувања


„Предвидовме проекти кои што имаат за цел надминување на енергетските предизвици со кои сите се соочуваме и во таа насока планираме изготвување план за поддршка на енергетска диверзификација. Планираме организирање на голем бизнис форум меѓу двете земји, како и посета на потенцијални американски инвеститори, а ќе се заложиме и за воспоставување директна авиолинија Скопје – Њујорк што има за цел дополнително доближување на земјите и зајакнување на економската соработка и бизнис релациите“, истакна Османи.


Во тек се и активности за приклучување на земјата кон Global Entry програмата на САД. Меѓу клучните придобивки по приемот во програмата ќе биде непречен влез на македонски државјани со американска виза во САД без спроведување на вообичаените безбедносни и царински проверки на граничните премини.

„Во една подолгорочна процедура, во Стратешкиот дијалог се предвидени и активности за усогласување на земјава и достигнување критериуми за влез во Visa Waiver програмата на САД, која на крајот треба да резултира и со воведување на безвизен режим“, најави Османи.

Борба против корупција

Зајакнувањето на билатералните односи со САД значи и имплементирање на модерни закони, безусловно независна борба против корупцијата и криминалот, праведно и правично правосудство, но и правна и економска безбедност на државата. Првата област на интензивирана соработка и приоритетна активност во рамките на планот за активности е владеењето на правото и борбата против корупцијата.

Во делот на економската соработка, планирано е воспоставување соработка со Корпорацијата на САД за финансирање меѓународен развој (US International Development Finance Corporation – DFC), што е и долгорочен интерес на земјата за отворање на регионално претставништво на оваа институција во Северна Македонија.


TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу

10/03/2026
Македонија

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен

04/03/2026
Македонија

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Владата се движи кон автократски модел и не остава

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Буџетот не е во добра кондиција, дел од расходите

03/03/2026
Македонија

РЕФОРМИТЕ ВО ФОКУС НА ВЛАДАТА Мицкоски најави конкретни мерки за

03/03/2026
Македонија

Битиќи предупредува: Цената на гасот веќе е двојно повисока, Македонија

03/03/2026
Македонија

Ангела Николовска од Доха: Денеска е мирно, македонската амбасада работи

03/03/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42209
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу приведените

10/03/2026

Девет возачи вчера завршиле во полициска станица поради тешки прекршоци во сообраќајот, информираа од Министерство за внатрешни работи на Република

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен за неколку кривични дела, ОЈО

04/03/2026

Судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје определи мерка краткотраен притвор од 48 часа против Стојанче Јовановски, сопругот

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци попладне

03/03/2026

Метеоролозите нѐ информираат дека утре претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со услови за појава на

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy