Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 СТРАШНИ СОЗНАНИЈА: Отровните риби се шират, стигнале до Јадранско море
Регион

СТРАШНИ СОЗНАНИЈА: Отровните риби се шират, стигнале до Јадранско море

13/04/2025

AA

Отровен вид риба познат како пуфер риба се шири во Средоземното Море и се заканува да го загрози биодиверзитетот, покажа најновото истражување на хрватските научници, објавија денеска медиумите.

Овој вид риба, познат и како сом со четири заби, потекнува од Црвеното Море и се повеќе стигнува до Медитеранот преку Суецкиот канал, според истражувањето неодамна објавено во научното списание „Acta Ichthyologica et Piscatoria“.

Според истражувачите, мажјак од овој исклучително отровен вид, долг нешто повеќе од 500 милиметри и тежок 1.330 грама, бил забележан во северниот дел на Јадранското Море во мај минатата година, на длабочина од 20 метри.

Ова е четврти примерок од овој вид риба забележан во водите на ова море, но првпат во северниот дел на Јадранот, објавија истражувачите од Природно-математичкиот факултет на Универзитетот Јурај Добрила во Пула и Институтот за океанографија и рибарство во Сплит.

Научниците рекоа дека оваа риба за прв пат била забележана во Средоземното Море во 2003 година и оттогаш се проширила далеку од тропските и екваторијалните води од каде што потекнува. Видот е забележан и во близина на бреговите на Франција, Турција, Тунис и Египет, според BfM TV.

Причината за неговото масовно присуство во Средоземното Море е отсуството на предатори, како и високата стапка на размножување на овој вид. Еден од авторите на студијата Невен Ивеша изјави дека присуството на овој вид во северниот дел на Јадранот е јасен знак за неговата експанзија и потенцијалните еколошки и економски последици што може да ги има.

Тој додаде дека проактивното следење на овој вид риба е важно со цел да се развијат стратегии за ублажување на последиците што може да ги има неговото ширење врз локалната биолошка разновидност, рибарството и јавната безбедност.

Неодамнешните докази покажаа дека пуферската риба може да биде опасна и да каснува луѓе, што дури може да доведе до ампутација на прстите. Овој вид е исто така потенцијално фатален ако се јаде, бидејќи неговото месо содржи силен отров.

Б92

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Кривична пријава за двајца скопјани осомничени за обљуба врз 32-годишна жена

20/07/2026
Македонија

Гостивар ќе добие помош по прогласената епидемија, обезбедени илјадници литри

20/07/2026
Македонија

Собранието ја продолжи кризната состојба за нафта и нафтени деривати

20/07/2026
Македонија

Три лица приведени, над 3.100 граѓани побарале лекарска помош –

20/07/2026
Македонија

Клековски: Нема криење информации за состојбата со епидемијата во Гостивар

20/07/2026
Македонија

Пробиштипчанец осомничен за изнуда: Со закани и електрошок барал пари

20/07/2026
Македонија

МВР со детали за несреќата кај Блаце: Заминале со возило

20/07/2026
Македонија

Андоновска: Земени примероци од четири места, пред да се прогласи

20/07/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 44496
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Кривична пријава за двајца скопјани осомничени за обљуба врз 32-годишна жена од Србија

20/07/2026

Скопската полиција поднесе кривична пријава против две лица осомничени за сторено кривично дело „полов напад и силување“, информираат од Министерството

Гостивар ќе добие помош по прогласената епидемија, обезбедени илјадници литри питка вода

20/07/2026

Додека во Гостивар продолжуваат мерките по прогласената епидемија поради проблемот со водоснабдувањето, Владата започнува со секојдневна дистрибуција на питка вода

Собранието ја продолжи кризната состојба за нафта и нафтени деривати до 20 октомври

20/07/2026

Пратениците во Собранието денеска дадоа поддршка за продолжување на кризната состојба во делот на снабдувањето со нафта и нафтени деривати,

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy