Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 СТРАШНИ СОЗНАНИЈА: Отровните риби се шират, стигнале до Јадранско море
Регион

СТРАШНИ СОЗНАНИЈА: Отровните риби се шират, стигнале до Јадранско море

13/04/2025

AA

Отровен вид риба познат како пуфер риба се шири во Средоземното Море и се заканува да го загрози биодиверзитетот, покажа најновото истражување на хрватските научници, објавија денеска медиумите.

Овој вид риба, познат и како сом со четири заби, потекнува од Црвеното Море и се повеќе стигнува до Медитеранот преку Суецкиот канал, според истражувањето неодамна објавено во научното списание „Acta Ichthyologica et Piscatoria“.

Според истражувачите, мажјак од овој исклучително отровен вид, долг нешто повеќе од 500 милиметри и тежок 1.330 грама, бил забележан во северниот дел на Јадранското Море во мај минатата година, на длабочина од 20 метри.

Ова е четврти примерок од овој вид риба забележан во водите на ова море, но првпат во северниот дел на Јадранот, објавија истражувачите од Природно-математичкиот факултет на Универзитетот Јурај Добрила во Пула и Институтот за океанографија и рибарство во Сплит.

Научниците рекоа дека оваа риба за прв пат била забележана во Средоземното Море во 2003 година и оттогаш се проширила далеку од тропските и екваторијалните води од каде што потекнува. Видот е забележан и во близина на бреговите на Франција, Турција, Тунис и Египет, според BfM TV.

Причината за неговото масовно присуство во Средоземното Море е отсуството на предатори, како и високата стапка на размножување на овој вид. Еден од авторите на студијата Невен Ивеша изјави дека присуството на овој вид во северниот дел на Јадранот е јасен знак за неговата експанзија и потенцијалните еколошки и економски последици што може да ги има.

Тој додаде дека проактивното следење на овој вид риба е важно со цел да се развијат стратегии за ублажување на последиците што може да ги има неговото ширење врз локалната биолошка разновидност, рибарството и јавната безбедност.

Неодамнешните докази покажаа дека пуферската риба може да биде опасна и да каснува луѓе, што дури може да доведе до ампутација на прстите. Овој вид е исто така потенцијално фатален ако се јаде, бидејќи неговото месо содржи силен отров.

Б92

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу

10/03/2026
Македонија

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен

04/03/2026
Македонија

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Владата се движи кон автократски модел и не остава

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Буџетот не е во добра кондиција, дел од расходите

03/03/2026
Македонија

РЕФОРМИТЕ ВО ФОКУС НА ВЛАДАТА Мицкоски најави конкретни мерки за

03/03/2026
Македонија

Битиќи предупредува: Цената на гасот веќе е двојно повисока, Македонија

03/03/2026
Македонија

Ангела Николовска од Доха: Денеска е мирно, македонската амбасада работи

03/03/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42209
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу приведените

10/03/2026

Девет возачи вчера завршиле во полициска станица поради тешки прекршоци во сообраќајот, информираа од Министерство за внатрешни работи на Република

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен за неколку кривични дела, ОЈО

04/03/2026

Судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје определи мерка краткотраен притвор од 48 часа против Стојанче Јовановски, сопругот

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци попладне

03/03/2026

Метеоролозите нѐ информираат дека утре претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со услови за појава на

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy