
СТРАШНА ТРАГЕДИЈА ВО БАР: Четири лица загинаа во пожар, меѓу нив и деца
Четири лица, меѓу кои и деца, загинаа во пожар што избувнал ноќта меѓу средата и четвртокот во Бар, Црна Гора, во населба под ридот Волујица.
Идентитетот на жртвите се уште не е утврден.
Пожарот избувнал околу 04:30 часот. Неколку противпожарни возила пристигнале на местото на настанот за неколку минути по пријавата, но за жал не успеале да ги спасат жртвите.
Се утврдуваат околностите под кои настанал пожарот, пишува „Новости.рс“.
Шефот на Основното државно обвинителство, обвинителот Бра, Радован Ѓуришиќ, вели дека дежурниот обвинител со вештачење излегол на лице место да изврши увид. Откако ќе се утврдат сите факти, не се исклучува можноста истрагата да ја преземе Вишото државно обвинителство.
Како што јави телевизија „Вијести“ претставници на полицијата потврдиле дека меѓу жртвите има тројца малолетници.
– Во четири часот и 35 минути, припадниците на Службата за заштита и спасување ги известиле дежурните во Одделението за обезбедување на Бар дека има пожар во монтажните бараки под Волујица, каде што живее ромско население. Пожарот зафатил неколку објекти. На местото на настанот пристигнала екипа пожарникари од Бар со повеќе возила, а при гаснењето на пожарот биле пронајдени четири неидентификувани тела – рекле претставници на полицијата.
Фото: Принтскрин/Твитер
