
Страшна несреќа во Германија: 35 лица се повредени во судир на автобус и камион
Над десетина лица се повредени денеска во судир на меѓуградски автобус и камион на автопат во источна Германија, јавија германските медиуми.
Несреќата се случила на автопатот А 12 во провинцијата Бранденбург меѓу градовите Сторков и Фреддердорф, пренесе АП.
Полицијата соопшти дека се повредени 35 лица, од кои шест се здобиле со тешки телесни повреди.
На терен се три хеликоптери, брза помош и полициски службеници, а затворен е и дел од автопатот.
Полицијата соопшти дека камионот, кој се движел во правец на Берлин, удрил во страната на автобусот кога се обидел да ја промени лентата.
