Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 СТРАНСКИТЕ КОМПАНИИ ЈА „ВЛЕЧАТ“ ДОМАШНАТА ЕКОНОМИЈА – бројноста мала ама удделот во БДП голем
Економија

СТРАНСКИТЕ КОМПАНИИ ЈА „ВЛЕЧАТ“ ДОМАШНАТА ЕКОНОМИЈА – бројноста мала ама удделот во БДП голем

17/09/2024

AA

Странските
компании вртат над 40 проценти од прометот во Македонија. Иако тие опфаќаат
само 2,6 отсто од вкупниот број на компании во нашата земја, нивното учество во
прометот е големо.

Последните
податоци откриваат дека во текот на 2022 година, вкупно 1.727 компании се
странски филијали, или домашни претпријатија кои се контролирани од странство
.
Имено, овие компании опфаќаат само 2,6 проценти од вкупниот број активни претпријатија,
кои достигнуваат дури 67.296 компании
.

– 
Тие ангажирале
20,9 проценти од вкупно вработените работници, а реализирале 40,4 отсто од
вкупниот промет, односно 32,9 проценти од вкупната бруто-додадена вредност
, што укажува на нивното значително влијание врз домашната економија
– се наведува во најновата анализа на Државниот завод за статистика.

Бројките
откриваат дека од овие странски компании, најбројни се оние во секторот Трговија
на големо и на мало и поправка на моторни возила, каде учеството достигнува 30 проценти.

Од друга страна најголем
дел од вработените во странски филијали или 74,9 проценти се ангажирани во три
сектори. Па така, во секторот Преработувачка индустрија опфатени се дури 52,2 отсто
од вработените во странските филијали, додека во секторот Трговија на големо и мало
ангажирани се 12,4 отсто, и во сектор Информации и комуникации 10,3 проценти од
работниците.

– 
Најголем
придонес во додадената вредност на странските филијали имал секторот Индустрија
со 51,5 отсто
. Притоа се издвојуваат преработувачката индустрија со 37,2 проценти,
па  Вадењето руда и камен со 6,8 отсто и
Енергијата со 7,4 проценти. Следен е секторот Информации и комуникации со
учество од 16,9 отсто и Трговија на големо и на мало и поправка на возила со 13,3
проценти
– се наведува во истражувањето на статистичарите.

Странските
филијали се контролирани, главно, од европските земји и тоа високи 80,7 проценти.  Земјите членки на ЕУ контролираат 57,6 отсто
од странските филијали, во кои се ангажирани 66,7 отсто од вработените и
учествуваат со 65,1 проценти во додадената вредност.

Економски
најважните странски филијали се под контрола на Австрија со учество во
додадената вредност од 16,6 отсто, по што следуваат компании кои се под
ингеренции на компании од Холандија и тие опфаќаат 12 одсто од вкупниот број
странски филијали. Потоа се компании кои се контролирани од компании од Обединетото
Кралство со 10,6 проценти, па следува Германија со 9,6 отсто.

– 
Нивното
учество во вкупната додадена вредност на домашната економија изнесува 16,1 отсто,
што значи дека вкупната додадена вредност е во толкава мера под контрола на
претпријатијата со мнозински странски капитал – нагласуваат во анализата од
ДЗС.

П.О.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу

10/03/2026
Македонија

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен

04/03/2026
Македонија

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Владата се движи кон автократски модел и не остава

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Буџетот не е во добра кондиција, дел од расходите

03/03/2026
Македонија

РЕФОРМИТЕ ВО ФОКУС НА ВЛАДАТА Мицкоски најави конкретни мерки за

03/03/2026
Македонија

Битиќи предупредува: Цената на гасот веќе е двојно повисока, Македонија

03/03/2026
Македонија

Ангела Николовска од Доха: Денеска е мирно, македонската амбасада работи

03/03/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42209
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу приведените

10/03/2026

Девет возачи вчера завршиле во полициска станица поради тешки прекршоци во сообраќајот, информираа од Министерство за внатрешни работи на Република

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен за неколку кривични дела, ОЈО

04/03/2026

Судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје определи мерка краткотраен притвор од 48 часа против Стојанче Јовановски, сопругот

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци попладне

03/03/2026

Метеоролозите нѐ информираат дека утре претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со услови за појава на

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy