Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Стопанска комора на Северна Македонија – Конзорциум „Бехтел ЕНКА“  –       Разговор за соработката и за интеграцијата на домашните компании во инфраструктурните проекти од значење
Економија

Стопанска комора на Северна Македонија – Конзорциум „Бехтел ЕНКА“ – Разговор за соработката и за интеграцијата на домашните компании во инфраструктурните проекти од значење

13/09/2024

AA

ВоСтопанската комора на Северна Македонија се одржа работна средба меѓу претставници на Комората и на Конзорциумот „Бехтел ЕНКА“, изведувач на проектот за автопатиштата од Коридорот 8 и од Коридорот 10д, членка на Комората. Оваа презентација имаше цел подобро да ги објасни водечките принципи на тендерскиот процес на „Бехтел ЕНКА“ за зајакнување на учеството на локалните компании во проектот за автопатиштата, што до денес, според информациите на „Бехтел ЕНКА“, е дека околу 90 % од подизведувачите и 65 % од добавувачите се локални компании. Дополнително, по краткиот осврт на опсегот на проектот и на историјата на проектите на „Бехтел ЕНКА“ на Балканот, фокусот на состанокот беше врз средствата за зајакнување на учеството на македонските компании од широк опсег на сектори до завршувањето на четирите секции на коридорите 8 и 10д со вкупна должина од 111 километри.

Како дел од активностите со Стопанската комора, оваа иницијатива е насочена кон транспарентна соработка и кон поблиско запознавање со компаниите членки на Комората заради разјаснување на процесите за соработка при реализација на работните активности за време на градењето на посочените коридори.

Стопанската комора на Северна Македонија и „Бехтел ЕНКА“ во следниот период ќе продолжат со заеднички средби и со презентации во подрачните канцеларии на Комората во Штип, Битола, во Прилеп, Кавадарци и во Кичево, а во последниот квартал од 2024 година се планира заедничка презентација со „Бехтел ЕНКА“ за сите заинтересирани компании, за што компаниите ќе добијат навремено известување.

На средбата се разговараше за две клучни теми:

1.Промоција на домашните компании – Стопанската комора и „Бехтел ЕНКА“ се согласија за важноста од интегрирање на локалните ресурси и експертиза за успешно завршување на проектите.

2.Процеси на соработка: насоки за учество на локалните компании во тендерските постапки и во процесите за набавки на услуги и на работи. Се разговараше за процедурите за подобрување на комуникациите и на транспарентноста во овие процеси, како и за надминување на потенцијалните пречки.

„Нашата цел е да создадеме продуктивно и поддржувачко опкружување во кое домашните компании ќе можат дополнително да се развиваат и да учествуваат во големи инфраструктурни проекти важни за поттикнување на домашната економија“, рече потпретседателката на Стопанската комора Јелисавета Георгиева-Јовевска. „Преку оваа иницијатива сакаме да помогнеме нашите компании да имаат еднакви можности да учествуваат и да придонесат за развојот на нашата инфраструктура. Изградбата на овие значајни инфраструктурни проекти не е од корист само за нашата земја, туку воопшто и за целиот регион и подалеку.“

Конзорциумот „Бехтел ЕНКА“ со оваа и со повеќето средби со претставниците на Стопанската комора ја потврди својата намера да работи во тесна и транспарентна соработка со домашните компании, но и да даде поддршка и појаснување за процесите на учество и на соработка. Од „Бехтел ЕНКА“ објаснија дека со завршувањето на поголемата експропријација ќе има повеќе работни фронтови и повеќе можности за домашните компании.

Комората ја поздравува оваа заложба на Конзорциумот „Бехтел ЕНКА“, која, реално, ќе значи создавање простор за работа и засилен ангажман на нашите компании, што неминовно би довело до значителна економска придобивка.

Како најголема деловна асоцијација, Стопанската комора на Северна Македонија активно ќе учествува во најавените активности за што поголем број компании да се запознаат и, секако, да имаат пристап до горенаведените процеси. Комората активно ќе продолжи со активности за создавање услови за успешна интеграција на домашните компании во значајни инфраструктурни проекти, со што ја потврдува улогата на клучен посредник во економскиот развој на државата.

За повеќе информации од „Бехтел ЕНКА“ можете да се обратите на следните адреси:

– за општи информации обратете се на info@beuk.mk

– за информации за набавки обратете се на procurement@beuk.mk

– за информации за подизведувачи ве молиме обратете се на subcontracts@beuk.mk.

Платформата во форма на презентација за процесите претставени од „Бехтел ЕНКА“ набргу ќе биде достапна на веб-сајтот на Стопанската комора на Северна Македонија.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ДОЖДОВИТЕ ЌЕ ПРЕСТАНАТ, НЀ ЧЕКААТ ПОТОПЛИ ДЕНОВИ До среда температури

20/02/2026
Македонија

Давкова: Доста ни се „пост-фестум“ извинувања, на Македонија ѝ треба

20/02/2026
Македонија

Спречен вооружен напад во Тетово?! Блокиран патот кај кружниот тек

20/02/2026
Македонија

ЧАНТАТА НА СОПРУГАТА НА ОРЦЕ ЃОРЃИЕВСКИ НЕ Е ХЕРМЕС И

20/02/2026
Македонија

МАКЕДОНИЈА НЕПРАВЕДНО Е БЛОКИРАНА НА ЕВРОИНТЕГРАТИВНИОТ ПАТ Сиљановска‑Давкова на меѓународната

20/02/2026
Македонија

Сиљановска-Давкова: Европа не може да биде целосно безбедна се додека

20/02/2026
Македонија

ПРВА ЕКСТРАДИЦИЈА ОД ОАЕ Флорим Лимани пристигна од Дубаи, ќе

20/02/2026
Македонија

Храброста на баба Росанка од Челопек: „Ме гушеше за да

20/02/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 41733
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ДОЖДОВИТЕ ЌЕ ПРЕСТАНАТ, НЀ ЧЕКААТ ПОТОПЛИ ДЕНОВИ До среда температури до 20 стапени

20/02/2026

Времето утре (сабота) ќе биде променливо облачно со сончеви периоди, без врнежи. Ќе дува слаб до умерен ветер, претежно од

Давкова: Доста ни се „пост-фестум“ извинувања, на Македонија ѝ треба деблокада сега!

20/02/2026

На отворањето на Меѓународната конференција на Паневропската унија во Скопје, претседателката порача дека ЕУ е нецелосна и ранлива без Западен

Спречен вооружен напад во Тетово?! Блокиран патот кај кружниот тек „Мема“

20/02/2026

Вооружен напад е спречен денеска во Тетово, по брзата интервенција на тетовската полиција. Полициските сили веднаш интервенирале на терен и

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy