
Стопанска банка Битола ќе добие нов сопственик – Алта банка од Белград
Алта банка А.Д. Белград, една од водечките и најиновативни финансиски институции во регионот, направи значаен чекор со доставување на понудата за преземање на Стопанска банка АД Битола.
Со оваа инвестиција се очекува да започне ново поглавје на раст во секторот на финансиските услуги за граѓаните и компаниите во Македонија.
Понудата за преземање, објавена на 11 септември годинава, се однесува на сите акционери кои поседуваат акции со право на глас издадени од Стопанска банка АД Битола.
