Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 СТОП ЗА СИНТЕТИЧКАТА ХРАНА: Италија станува првата земја во светот што ја забранува
Економија

СТОП ЗА СИНТЕТИЧКАТА ХРАНА: Италија станува првата земја во светот што ја забранува

07/11/2023

AA

„Италија ќе ја
забрани синтетичката храна“, рече италијанскиот министер за земјоделство, Франческо
Лолобриџида, на настанот организиран од Европската конзервативна и реформска
партија (ЕЦР) на кој присуствуваше и еврокомесарот за земјоделство Јануш
Војчеховски.

Ова ќе ја направи
Италија првата земја во светот што го прави тоа, пишува Euractiv.

Долниот дом на
парламентот во понеделник ќе расправа за нацрт-законот со кој ќе се забрани
производството, увозот и маркетингот на храна произведена во лаборатории.

На настанот во
Ирска, насловен „Традиција и иновации: Конзервативната иднина на европските
фармери“, водечките конзервативни политичари разговараа за предизвиците и
можностите кои произлегуваат од европската регулатива и соработка во
сточарството, земјоделството и зелената економија.

„Италија ќе стане
првата нација која е ослободена од синтетичка храна и сака да даде пример за
тоа како може да се регулира“, рече Лолобриџида.

„Го избравме
принципот на претпазливост. Квалитетот на храната е фундаментален и не можеме
да се согласиме со општество поделено на два дела, каде што се произведува
квалитетна храна само за богатата елита. Сите треба добро да се храниме, додаде
министерот.

Неговиот став го
дели и европскиот комесар за земјоделство: „Како комесар се залагам за
традиционалното земјоделство, силно ги штитам природните производи. Системот за
обележување не зависи од мене, туку се трудам да ја заштитам традицијата“,
објасни Војчечовски и додаде:

„Синтетичкото
месо не е месо, синтетичкото млеко не е млеко. Јас стојам во одбрана на
природните производи, а користењето на името природен производ за синтетика,
според мене, не е чекор во вистинската насока“.

Тој, исто така,
вели дека Европската комисија издвојува повеќе од 6 милијарди евра за поддршка
на благосостојбата на животните и, воопшто, за традиционалното земјоделство.
Но, земјоделскиот модел предложен од конзервативците отворено се спротивставува
на оној што го усвои Европската унија, кој според Фратели д’Италија се
карактеризира со преголема бирократија и неможност да се соочи со нови
предизвици.

За да го промени
системот, групата ЕЦР мора добро да се снајде на изборите за Европскиот
парламент во јуни 2024 година и да најде сојузници за да формира алтернативно
мнозинство против левичарските партии во Европскиот парламент.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу

10/03/2026
Македонија

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен

04/03/2026
Македонија

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Владата се движи кон автократски модел и не остава

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Буџетот не е во добра кондиција, дел од расходите

03/03/2026
Македонија

РЕФОРМИТЕ ВО ФОКУС НА ВЛАДАТА Мицкоски најави конкретни мерки за

03/03/2026
Македонија

Битиќи предупредува: Цената на гасот веќе е двојно повисока, Македонија

03/03/2026
Македонија

Ангела Николовска од Доха: Денеска е мирно, македонската амбасада работи

03/03/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42209
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу приведените

10/03/2026

Девет возачи вчера завршиле во полициска станица поради тешки прекршоци во сообраќајот, информираа од Министерство за внатрешни работи на Република

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен за неколку кривични дела, ОЈО

04/03/2026

Судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје определи мерка краткотраен притвор од 48 часа против Стојанче Јовановски, сопругот

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци попладне

03/03/2026

Метеоролозите нѐ информираат дека утре претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со услови за појава на

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy