
„СТОП ЗА ЦРВЕНИТЕ БАРОНИ И ТОТАЛИТАРИЗМОТ“: Македонски Концепт бара забрана на комунистичките симболи по примерот на Полска и Чешка
Партијата „Македонски Концепт“ покренува иницијатива за носење Резолуција за осуда на комунизмот, проследена со законско решение кое ќе ги забрани комунистичките симболи и идеологија, изедначувајќи ги со нацистичките. Како повод за ова барање ја посочуваат неодамнешната законска регулатива во Полска и Чешка.
Од партијата сметаат дека Македонија треба да го следи европскиот пример на овие земји кои предвидоа затворски казни за промовирање на комунистичка пропаганда.
„Македонски Концепт“ бара Собранието прво да донесе Резолуција, а веднаш потоа и Закон со кој ќе се пополни правната празнина што, според нив, дозволува глорификација на режим кој вршел репресии.
Во соопштението се наведени три клучни барања, меѓу кои и конфискација на имот стекнат преку привилегиите на претходниот систем:
Од „Македонски Концепт“ порачуваат дека ова не е напад врз демократијата, туку расчистување со идеологиите што ја гушеле слободната мисла, повикувајќи на „чекорење свесно на десно“ кон нов модел на македонската државност.
