
Столтенберг доаѓа во Скопје
Претседателот на Владата на Северна Македонија, Димитар Ковачевски ќе биде домаќин на официјалната посета на Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг.
Посетата ќе се одржи во Скопје на 21 ноември 2023 година, почнувајќи со официјална церемонија во Владата проследена со заедничка прес-конференција.
Република Северна Македонија ќе биде домаќин на неформалниот состанок на лидери на НАТО сојузници од регионот во Скопје, на 22 ноември 2023. Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг и премиерот на Северна Македонија, Димитар Ковачевски ќе ги пречекаат поканетите лидери од Република Албанија – премиерот Еди Рама, Република Хрватска – претседателот Зоран Милановиќ, Република Црна Гора – премиерот Милојко Спајиќ и Република Словенија – премиерот Роберт Голоб.

