Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Столтенберг: Членките на НАТО се согласуваат Украина да влезе во Алијансата, прашање е кога
Македонија

Столтенберг: Членките на НАТО се согласуваат Украина да влезе во Алијансата, прашање е кога

10/05/2023

AA

Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг изјави дека сите членки на Северноатлантската алијанса се согласни Украина да стане нивна членка, но прашање е кога тоа ќе се случи.

– Прво, сите сојузници се согласуваат Украина да стане членка на НАТО. Сите се согласуваат дека Украина има право да си го избере својот пат и дека за тоа не одлучува Москва, туку Киев. Второ, сите сојузници велат дека вратите на НАТО се отворени, но не можам точно да кажам кога Украина ќе стане членка на Алијансата – изјави Столтенберг за The Washington Times.

Тој додаде дека она што може да го каже е дека НАТО во моментов соработува со Киев и помага во преминот од опрема и доктрина од советската ера кон доктрината и стандардите на НАТО.

– Работиме на тоа да ги направиме вооружените сили на Украина интероперативни со силите на НАТО и да им помогнеме да ги реформираат и модернизираат нивните одбранбени и безбедносни институции – рече Столтенберг.

Тој рече дека Алијансата, „суштински“ има две задачи во оваа војна.

– Една задача е да ја поддржиме Украина, што и го правиме. Втората е да се спречи ескалација. Тоа го спречуваме со тоа што јасно ставивме до знаење дека не сме дел од конфликтот, но и со зголемување на военото присуство на источното крило на Алијансата, што и го направивме, со 40.000 војници поддржани од значајни поморски и воздушни сили – рече Столтенберг.

Говорејќи за Кина, Столтенберг оцени дека Пекинг не го осудува нападот врз Украина, но го поздрави разговорот меѓу украинскиот претседател Володимир Зеленски и кинескиот колега Си Џинпинг.

– Тоа што се случува во Европа е важно за Азија, а она што се случува во Азија е важно за Европа. Зашто, ако Путин победи во Украина, тоа е трагедија за Украинците. Но, тоа е и опасно за нас. Затоа што тоа ќе испрати порака до Путин, но и до Кси, дека кога користат воена сила, го добиваат она што го сакаат. А тоа не прави поранливи – истакна Столтенберг.

Тој исто така рече дека војната во Украина суштински го променила НАТО.

– Сепак, мора да запомните дека војната не започна во 2022 година. Започна во 2014 година и оттогаш НАТО ја воведе најголемата реорганизација на својата колективна одбрана од крајот на Студената војна – рече Столтенберг.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу

10/03/2026
Македонија

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен

04/03/2026
Македонија

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Владата се движи кон автократски модел и не остава

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Буџетот не е во добра кондиција, дел од расходите

03/03/2026
Македонија

РЕФОРМИТЕ ВО ФОКУС НА ВЛАДАТА Мицкоски најави конкретни мерки за

03/03/2026
Македонија

Битиќи предупредува: Цената на гасот веќе е двојно повисока, Македонија

03/03/2026
Македонија

Ангела Николовска од Доха: Денеска е мирно, македонската амбасада работи

03/03/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42209
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Цената на нафтата порасна по мешаните сигнали за тензиите меѓу САД и Иран

27/06/2025

Американската сурова нафта WTI (West Texas Intermediate) денес поскапе за повеќе од еден процент, на близу 66 долари за барел,

Трагедија во Истанбул: 19-годишник ја застрелал својата 18-годишна бремена свршеница

27/06/2025

Деветнаесетгодишник ја застрелал и убил својата 18-годишна вереница, која била бремена пет месеци, во истанбулскиот кварт Саријер, а потоа избегал

Трамп најави потпишување на трговски договор меѓу САД и Кина

27/06/2025

Претседателот на Соединетите Американски Држави, Доналд Трамп, изјави дека САД и Кина потпишале трговски договор, но не беа објавени детали

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy