Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Стоилковски: За насилството во М-НАВ не е доволно само разрешување на директори, мора да има командна одговорност и лисици на раце
Македонија

Стоилковски: За насилството во М-НАВ не е доволно само разрешување на директори, мора да има командна одговорност и лисици на раце

09/01/2024

AA

Наум Стоилковски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ, вели дека петти ден лажниот европски фронт нема разрешница за насилство со квалификација „Загрозување на безбедноста на воздушниот сообраќај“, затоа што директно се инволвирани партиските банди.

„Петти ден изминува, никој нема одговорен за случајот.

За ваков случај, за разлика од лажниот европски фронт, не е доволно само разрешување на директори, туку барање командна одговорност и лисици на раце за насилството во М-НАВ.

Кој нарачал насилство во Контролна кола?

Кој дозволил насилство додека авиони кружат над Скопје?

Кој е одговорен за изборот на обезбедувањето на стратешкиот објект?

Чија е оваа агенција 2СС, под чија наредба работат и дали ќе дозволат вакви насилни партиски банди да влетуваат и во другите институции?

За овие прашања, мора да се испита и одговорноста на ресорните министри од транспорт и врски до МВР, Бочварски и Спасовски.

Законот е јасен и прецизен. Ова не е „кошкање меѓу колеги“ ова е „Загрозување на безбедноста на воздушниот сообраќај“ квалификација којашто постои во Законот.

Бараме лажниот европски фронт да ги тргне рацете од правосудството. Случајот мора да има вистинска завршница. Ако не сега, тогаш ќе ја има по изборите.

Точно е дека се ближат избори, но до нив има уште четири месеци, предолг период за да се остават овие луѓе со можност да се повтори ваков упад во стратешки објект.

Никогаш не било полошо.

Важно е да ги поразиме“, вели Стоилковски.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу

10/03/2026
Македонија

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен

04/03/2026
Македонија

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Владата се движи кон автократски модел и не остава

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Буџетот не е во добра кондиција, дел од расходите

03/03/2026
Македонија

РЕФОРМИТЕ ВО ФОКУС НА ВЛАДАТА Мицкоски најави конкретни мерки за

03/03/2026
Македонија

Битиќи предупредува: Цената на гасот веќе е двојно повисока, Македонија

03/03/2026
Македонија

Ангела Николовска од Доха: Денеска е мирно, македонската амбасада работи

03/03/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42209
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу приведените

10/03/2026

Девет возачи вчера завршиле во полициска станица поради тешки прекршоци во сообраќајот, информираа од Министерство за внатрешни работи на Република

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен за неколку кривични дела, ОЈО

04/03/2026

Судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје определи мерка краткотраен притвор од 48 часа против Стојанче Јовановски, сопругот

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци попладне

03/03/2026

Метеоролозите нѐ информираат дека утре претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со услови за појава на

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy