Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Стоилковски: Со потпис на Артан Груби се отпишани 1500 тони пченица и 500 тони јачмен од државните резерви вредни 650.000 евра
Македонија

Стоилковски: Со потпис на Артан Груби се отпишани 1500 тони пченица и 500 тони јачмен од државните резерви вредни 650.000 евра

24/02/2023

AA

Артан Груби е магнет за скандали и сомнителни зделки на државен грб. Откако претходно обелоденивме како шалтерски работник вработен кај брат му доби акредитација за баждарење на инструменти за точење на нафтени деривати и течен нафтен гас, процес во кој учествува Бирото за метрологија, чија директорка има непријавена хациенда за која постои сомнеж како е стекната. А потоа и како Ветон Груби, брат на Артан купил дуќан од 127м2 на улица Македонија во Скопје по цена од 100.000 евра, односно 700 евра по квадрат, во услови кога станбениот квадрат е и по 2000 евра и посочивме за можно тргување со влијание. Денеска ќе обелодениме нови сомненија за милионска проневера со потпис на Груби.

Ова е втората страница од Службен весник од 2022 година со датум 14.06.2022 година каде е објавена Одлука на Влада потпишана од Артан Груби за отпис на 1500 тони пченица и 500 тони јачмен за сточна храна под превезот заради загуби при складирање и одржување на квалитетот на пченицата и на јачменот.

Никогаш до сега не се правел отпис на пченица и јачмен во толкава количина. Тоа отвора сомнежи дека можеби пченицата и јачменот завршиле на црниот пазар, а парите во нечиј приватен џеб, и сето тоа го дозволува Груби со негов потпис.

Тоа се пченица и јачмен купени со народни пари и отпишани од Артан Груби. Според моменталните цени на пченицата на новосадска берза, 1500 тони пченица чинат 500.000 евра, а 500 тони јачмен 150.000 евра. Буквално кажано со потпис на Груби, тој отпишал 650.000 евра како загуби при складирање, ова до сега не било случај, не се памети отпис на име загуби вреден половина милион евра.

Оттука се поставуваат две дилеми:

1. Доколку навистина станува збор за загуби. Што чекала владата, т.е. Агенцијата за стоковни резерви која стопанисува со стоковните резерви и зошто порано пченицата и јачменот не ги понудиле на продажба, па дури и со намален квалитет, државата нема да била во апсолутна загуба од 650.000 евра, туку во најмала рака ќе инкасирала 70 до 80% од таа цена?

2. Доколку се точни основаните соменија дека се работи за продажба на црно, тогаш постои ли милионски криминал со потпис на Груби. Груби треба да престане да бега од одговори, како што бега за дуќанот на брат му и бизнисите кои се вртат околу него, туку да каже, дали државата ја оштетил заради неспособност или криминал?

ЈО да не чека и да отвори истрага. 650.000 евра се отпишани со потпис на Артан Груби, одговорност мора да има.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Алсат: Пронајден е мртов оперативниот директор Лирим Хајредини, погребот ќе

13/08/2026
Македонија

На 24-ти август започнува судењето за Груби и други 7

13/08/2026
Македонија

Сите генерални секретари на Влада во последните 15 години завршија

13/08/2026
Македонија

Започнуваат уписите на УКИМ: Слободни над 8.800 места за бруцоши

13/08/2026
Македонија

Сиљановска-Давкова за помилувањето на Шефије Јакупи: 35 години била жртва

13/08/2026
Македонија

Обвинение за 8 лица за штета од над 8,2 милиони

13/08/2026
Македонија

Пронајдено 15-годишното девојче од Охрид

13/08/2026
Македонија

Илчо Ѓорѓиоски пуштен во домашен притвор со гаранција од 500.000

13/08/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 45000
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Алсат: Пронајден е мртов оперативниот директор Лирим Хајредини, погребот ќе биде в петок

13/08/2026

Попладнево по вестите во 16 часот, Телевизија Алсат на социјалниет мрежи и веб страницата објави дека пронајден бил мртов оперативниот

На 24-ти август започнува судењето за Груби и други 7 лица за „Лотарија“ ќе суди

13/08/2026

Кривичниот суд го прифати поднесеното обвинение за предметот поврзан со Државна лотарија каде обвинет е Артаб Гууби и други 8

Сите генерални секретари на Влада во последните 15 години завршија на обвинителна клупа

13/08/2026

Функцијата генерален секретар на Владата во изминатите повеќе од една деценија добива сè понеславна судска историја. Кирил Божиновски, Драги Рашковски

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy