Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Стоилковски: СДС и ДУИ дозволија партиски банди неказнето да заземат контролна кула на аеродром, по изборите ќе има целосна одговорност
Македонија

Стоилковски: СДС и ДУИ дозволија партиски банди неказнето да заземат контролна кула на аеродром, по изборите ќе има целосна одговорност

08/01/2024

AA

Наум Стоилковски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ, денеска на прес конференција посочи дека никогаш не било полошо.

„Партискиот правосуден систем повторно приредува театар на апсурдот пред партиските банди на власта.

Четврти ден, неказнетиот упад и тепање во контролната кула од партиски банди е сликата за Македонија, во режија на ДУИ и неспособната СДС коишто се претставуваат како Европски фронт, за случај што во секоја нормална држава би бил затворен само за неколку часа.

Партиската војска на сила зазема контролна кула, со шамари и со тупаници напаѓа вработени на смена додека 40 авиони се над градот. Може само да замислиме реакција за справување во Њујорк, Берлин, Лондон, било каде во светот. Но, наместо тоа бандитските ДУИ и поданиците од СДС приредуваат сценарија коишто доведуваат до апсурди во безбедносниот и правосудниот систем:

-Четворица напаѓачи организирани од ДУИ ги нема- МВР не знае каде се;

-Оние од ДУИ однесени пред суд се пуштени без притвор од судија близок на ДУИ ;

-Обвинителство и судот си префрлаат топка; ОЈО барало притвор заради “Загрозување на безбедноста на воздушниот сообраќај”, судот на ДУИ тврди немало докази;

-Тепаниот е приведен на граница, за него имало наредба да биде апсен;

-Едниот од напаѓачите веќе требало да е во затвор за друго дело, ама не е;

-Главниот напаѓач, функционер на ДУИ утре ќе оди на работа во контролната кула, кај тепаните и оние што со банда дошол да ги тепа пред само четири дена;

-Обезбедувањето миленик на ДУИ, соучесник во упадот, продолжува со работа, иако пуштиле неовластени лица, и оние што не се на смена во контролна кула за да тепаат, додека авиони кружат над Скопје!?

Ова е реализацијата на лажниот Европски фронт, партиски банди делат тупаници, а нивни судии ги пуштаат.

Упадот и тепањето во М-НАВ е вистинскиот фронт на бандитското ДУИ и поданичкото СДС, коешто полека го затвораат како „кошкање меѓу колеги“.

Ковачевски, Бочварски, Спасовски, Петровска, Грковска, без образ ќе молчат за уште некој ден да седат во фотелји и да обезбедуваат недопирливост за себе и за бандите.

Никогаш не било полошо. СДС и ДУИ дозволија партиски банди неказнето да заземат контролна кула на аеродром, по изборите ќе има целосна одговорност.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Израелската амбасадорка со пофалби за брзата реакција на македонските власти

13/04/2026
Македонија

🎥 СИЉАНОВСКА ДАВКОВА ПРЕДУПРЕДУВА ДА НЕ СЕ НАЈДЕМЕ ИЗГУБЕНИ ВО

13/04/2026
Македонија

СДСМ: Време е за правда – Груевски на издржување казна!

13/04/2026
Македонија

АМБАСАДОРКАТА НА ИЗРАЕЛ ГИ ПОЗДРАВИ НАПОРИТЕ ЗА ОТКРИВАЊЕ НА СТОРИТЕЛИТЕ

13/04/2026
Македонија

АДВОКАТОТ ТУФЕГЏИЌ ОСТРО ГО НАПАДНА СДСМ „Јадна и очајна опозиција,

13/04/2026
Македонија

МУЦУНСКИ ГО ОСУДИ ПАЛЕЊЕТО НА ЕВРЕЈСКАТА ЗАЕДНИЦА „Нема место за

13/04/2026
Македонија

Шест лица приведени за семејно насилство за Велигден, вкупно пријавени

13/04/2026
Македонија

ДЕЦАТА ДОБИЛЕ РАСЕКОТИНИ ОБИДУВАЈЌИ СЕ ДА ГО СПРЕЧАТ ТАТКА СИ

13/04/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42435
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Израелската амбасадорка со пофалби за брзата реакција на македонските власти

13/04/2026

Израелската амбасадорка во земјава, Вивиан Аисен упати благодарност до македонските власти за нивната брза и решителна реакција во врска со

🎥 СИЉАНОВСКА ДАВКОВА ПРЕДУПРЕДУВА ДА НЕ СЕ НАЈДЕМЕ ИЗГУБЕНИ ВО ПРЕВОДОТ Во меѓународните судови се

13/04/2026

Во правото има нешто што се нарекува правен јазик, таму мора да има разбирање и меѓу судиите, јавните обвинители и

СДСМ: Време е за правда – Груевски на издржување казна!

13/04/2026

СДСМ попладнево ја поздрави јасната и недвосмислена порака на Петер Маѓар од денешната прес-конференција.  „Новата унгарска власт повеќе нема да

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy