Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Сто војници најрано утре ќе заминат за Словенија
Македонија

Сто војници најрано утре ќе заминат за Словенија

08/08/2023

AA

Владата денеска на седница ќе донесе одлука за упатување на сто војници од различен состав во Словенија, кои ќе одговорат на потребите на словенечката Армија и на словенечката држава и тие ќе заминат најрано утре наутро, изјави денеска министерката за одбрана Славјанка Петровска, одговарајќи на новинарско прашање на одбележувањето на 22-годишнината од загинувањето на армиските припадници кај Карпалак.

Нагласувајќи оти оваа трагедија во Словенија изминатите денови се користела за различни на видови шпекулации, изнесувања лаги и невистини во македонската јавност дека помошта доцни Петровска вели дека не сакале да прават пи-ар маркетинг од тоа.

-Меѓутоа еве дозволете да известам како течеше. Од првиот момент кога се случи несреќата во Словенија и поплавите стапивме во контакт и јас со мојот колега, премиерот, претседателот на државата и сите министри и ја понудивме нашата несебична поддршка. Од нивна страна ни беше одговорено дека штом ја направат анализата за тоа што им е потребно дека ќе бидат доставени барања и тие во текот на вчерашниот ден претпладне преку механизмот за помош и поддршка во вакви кризни ситуации и на НАТО и на ЕУ беа доставени барања. Затоа и веднаш вчера изреагиравме, претседателот на државата во координација со началникот на Генералштабот и со мене, се разбира. Денеска на седница на Влада ќе ја донесеме одлуката за упатување на сто војници од различен состав кои ќе одговорат на потребите на словенечката Армија и на словенечката држава, рече Петровска.

Министерката вели дека војниците се подготвени да заминат уште денеска.

-Во текот на попладнето заедно со началникот на Генерал-штабот ќе ги посетиме за да се увериме дека се подготвени и најрано утре наутро ќе заминат, а денеска во 12 часот на седница на Влада ќе ја донесеме и одлуката која што е формалниот дел од процедурата, вели Петровска.

Во врска со тоа дали се размислува за некој вид материјална помош, министерската вели дека ова е се што досега е побарано.

-Побарани се и други технички средства, материјална техничка поддршка, за која што ние не сме во можност да одговориме, меѓутоа се разбира и во иднина ако се испратат барања на кои ќе можеме да одговориме ќе одговориме. Само како една информација, во барањето е наведено дека вкупно се бараат 200 војници, а Република Северна Македонија испраќа 50 проценти од побарувањата, додава Петровска.

За благодарноста што вчера Словенија ја упати до земјите кои и помогнале преку фотографија, на која не беше и Северна Македонија, Петровска рече дека процесот тече и додаде дека во наредниот период сигурно и нашето знаме ќе биде на таа фотографија.

Словенечкиот премиер Роберт Голоб денеска изјави дека штетите од катастрофалните поплави во Словенија ќе достигнат неколку милијарди евра.

Најголемите поплави досега во Словенија предизвикаа смрт на најмалку шест лица, однесоа куќи и оставија села во урнатини. Поројните дождови со денови паѓаа во речиси две третини од земјата, уништувајќи згради и мостови.

Илјадници луѓе се евакуирани од своите домови низ северозападна и централна Словенија, а армијата, пожарникарите и спасувачите се обидуваат да ослободат други и да ги расчистат улиците. Словенечката агенција за животна средина објави дека поплавите вчера почнале да се повлекуваат, но некои области се уште се отсечени.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

🎥 ЗА ИЗЛЕЗ ОД ГРЦИЈА СЕ ЧЕКА ПО 2 ЧАСА

13/04/2026
Македонија

МАЃАР НАЈАВИ ДЕКА ЌЕ ГИ ЗАЧУВА ДОБРИТЕ ОДНОСИ СО МАКЕДОНИЈА

13/04/2026
Македонија

УНГАРИЈА НЕМА ДА БИДЕ ДЕПОНИЈА ЗА СТРАНСКИ КРИМИНАЛЦИ Маѓар вели

13/04/2026
Македонија

Внимавајте на брзината: Стартува европската акциска контрола на патиштата

13/04/2026
Македонија

Муцунски му честиташе на Маѓар, очекува дека ќе продолжи соработката

13/04/2026
Македонија

Израелската амбасадорка со пофалби за брзата реакција на македонските власти

13/04/2026
Македонија

🎥 СИЉАНОВСКА ДАВКОВА ПРЕДУПРЕДУВА ДА НЕ СЕ НАЈДЕМЕ ИЗГУБЕНИ ВО

13/04/2026
Македонија

СДСМ: Време е за правда – Груевски на издржување казна!

13/04/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42440
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

🎥 ЗА ИЗЛЕЗ ОД ГРЦИЈА СЕ ЧЕКА ПО 2 ЧАСА По продолжениот викенд се создадоа

13/04/2026

Граѓани споделуваат видеа на социјалните мрежи дека со часови чекаат за излез од Грција на граничниот премин Евзони. На границата

МАЃАР НАЈАВИ ДЕКА ЌЕ ГИ ЗАЧУВА ДОБРИТЕ ОДНОСИ СО МАКЕДОНИЈА Нема да се меша во

13/04/2026

Победникот на изборите во Унгарија Петар Маѓар денеска изјави дека како премиер планира да има добри односи со Македонија и

УНГАРИЈА НЕМА ДА БИДЕ ДЕПОНИЈА ЗА СТРАНСКИ КРИМИНАЛЦИ Маѓар вели дека тоа важи и за

13/04/2026

Одговарајќи на новинарски прашања, победникот на изборите кој се очекува да биде нов премиер на Унгарија, Петер Маѓар, во врска

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy