Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Стојкоски и Дурмиши: Ќе провериме дали цените се зголемуваат кога ги најавуваме „празничните кошнички“
Економија

Стојкоски и Дурмиши: Ќе провериме дали цените се зголемуваат кога ги најавуваме „празничните кошнички“

16/12/2024

AA

Министерот за економија Бесар Дурмиши,неговиот заменик Марјан Ристески и директорот на Државниот пазарен инспекторат,Влатко Стојкоски,најавија анализа дали најавите на одлуките за ограничување на цените со празничките кошници, ги тераат трговците да ги поскапуваат производите претходноза да бидат потоа повторно во ќар кога ќе треба да ги поевтинат за 10 отсто.

– Треба да се каже дека ова е иницијатива на самиот бизнис сектор за пониски цени за 10 проценти, а не не Владата.  Бројот на производи опфатени со новата „новогодишна кошница“ континуирано расте и достигнма 962 производи. Достапни се за граѓаните во 38 ланци на маркети, изјави Дурмиши.

Тој рече дека растот на трошоците што го прикажува месечната потрошувачка кошница на Сојузот на синдикати на Македонија во неговата методологија на пресметка не опфаќа половина од производите кои ќе бидат намалени од 15 декември до 15 јануари.

Според Стојкоски, Законот за заштита на потрошувачите им дозволува на инспекторите да ги споредуваат цените само во изминатите месец дена за да се види дали има реално намалување кај трговците кога одлуките со празничните кошници стапуваат на сила.

– Станува збор за акциска продажба, трае еден месец и е на трговците, кои во случајов сакаат да покажат општествена одговорност, додаде Стојкоски.

Инфлацијата во меѓувреме во ноември се зголеми за повеќе од 4 отсто во споредба со истиот период лани, а раст имаше и на цените на храната. Од тука може да се заклучи дека трговците најверојатно месец ноември го користеле за поскапување, бидејќи уште тогаш знаеја дека за Нова Година ќе мора да прикажат поевтинување,

– Мониторинг прават Синдикатите, Организацијата на потрошувачи и самите граѓани. Ако има изигрување на она што самите го понудиле, навремено може да се пријави. 

Ако се покаже дека има недоследности и непочитување, Владата ќе пребегне кон поригорозни мерки, наведе Ристески.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу

04/03/2026
Македонија

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен

04/03/2026
Македонија

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Владата се движи кон автократски модел и не остава

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Буџетот не е во добра кондиција, дел од расходите

03/03/2026
Македонија

РЕФОРМИТЕ ВО ФОКУС НА ВЛАДАТА Мицкоски најави конкретни мерки за

03/03/2026
Македонија

Битиќи предупредува: Цената на гасот веќе е двојно повисока, Македонија

03/03/2026
Македонија

Ангела Николовска од Доха: Денеска е мирно, македонската амбасада работи

03/03/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42209
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу приведените

04/03/2026

Девет возачи вчера завршиле во полициска станица поради тешки прекршоци во сообраќајот, информираа од Министерство за внатрешни работи на Република

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен за неколку кривични дела, ОЈО

04/03/2026

Судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје определи мерка краткотраен притвор од 48 часа против Стојанче Јовановски, сопругот

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци попладне

03/03/2026

Метеоролозите нѐ информираат дека утре претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со услови за појава на

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy