Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Стојановиќ: Ракометарите со макотрпна работа покажаа дека Македонија има иднина!
Спорт

Стојановиќ: Ракометарите со макотрпна работа покажаа дека Македонија има иднина!

15/08/2023

AA

Македонскиот ракомет произведе уште еден меѓународен настап со кој може да се гордее и, уште поважно, кој може да се искористи како здрава основа за дополнителна надградба на една талентирана генерација. Деветтото место од Светското првенство за ракометари до 19 години можеби и не е толку важно како бројка, колку што е важен реалниот впечаток кој го оставија репрезентативците и на терен, на секој натпревар одделно и генерално на Мундијалот како целина. За тоа е заслужен и стручниот штаб со Раде Стојановиќ како селектор, мотиватор и креатор на играта на Македонија.

Многумина и од „неракометната“ јавност проговорија за младите ракометари овие денови, само затоа што нивниот успех го проби прагот на општото внимание. Добиваа честитки, комплименти за деветтото место меѓу 32 репрезентации од светот, остварено со пет победи и два пораза. Демонстрираа квалитет, карактер и стабилност, уверувајќи дека и во Македонија може да постои рецепт за правилен развој на талентираните генерации.

„Сакам да им заблагодарам на сите кои беа со нас и ни пружија поддршка и тоа како е важно за овие деца да имаат една позитивна енергија, мислам дека тоа го заслужија и дека честитките се во право време и на право место. Рецептот е една макотрпна работа, посветеност и желба за успех. Овие деца се сите заслужни. Ова е генерација која се развиваше во ковид-време. Сите тие тренирале во повеќе клубови, работеле со повеќе тренери, па заслугата оди за сите. Можеби Раде е во вистинското време, на вистинско место, но заслужни се сите“, истакна скромно селекторот Стојановиќ.

Некогашниот репрезентативен лев бек направи забележителен премин од теренот – на столчињата покрај него, досега главно како клупски предводник, но од минатото лето стави прв пердув во капата на талентираната генерција родена 2004 година. Вели дека посветената работа се исплати и се надева дека ова нема да биде само моментен успех, туку еден покоренит процес, кој ќе придонесе за постабилна иднина за машката репрезентација на Македонија.

„Во краток период, во неполна година, од периодот лани кога учествувавме на две квалификациски првенства, со моите помошници Бранко (Ангеловски) и Наум (Танески) наметнавме еден нов стил на игра, еден друг менталитет, за да знаат момците дека можат да се носат со секого, дека само ние самите можеме да се победиме. Потоа, борбеност до крај и не си стававме никаков притисок. Притисокот и очекувањата лошо влијаат на нас. Ако ставиме некоја цел, тоа нѐ тера дека нешто мораме да направиме или освоиме. Не, ние се стремевме на секој натпревар на победа, а потајно верувавме дека можеме да го поминеме првиот круг. Само со една ваква работа и професионалност се постигнува резултат, а момците беа вистински професионалци. Знаеја зошто сме на првенството и знаеја дека можеа и мислам дека покажавме дека Македонија има иднина“, вели Стојановиќ.

Загубивме „чисто“ само со Данска, а поразот од Норвешка нијанси го делеа од некаков друг епилог. Славевме над Црна Гора, Грузија, Австрија, Унгарија и над Чешка со манир на скандинавска или „западна“ репрезентација која гази и не простува 60 минути. Така што ова СП во Хрватска имаше и поводи за гордост и причини за ново засукување на ракавите.

„Горд сум на нивото кое го одигравме. Во период од девет дена одигравме седум натпревари на високо ниво. На последните два, со Унгарија и со Чешка ние ги згазивме од 50. до 60. минута и тоа треба да ни биде пример за понатаму, една борбена и хомогена игра и кон тоа да се стремиме“, прокоментира Стојановиќ.

Напредокот во однос на минатогодишниот триумф на ЕХФ-шампионатот во Рига е неспорен, но прашањето е што треба да се преземе и како да се работи во оваа чувствителна возраст за тој напредок да продолжи и до Европското првенство У-20, идното лето, на кое Македонија исто така има пласман. Многу пати во нашето кратко и кревко репрезентативно минато сме наишле на непознат, долг и тешко совладлив мост од младински во сениорски ракомет, па убаво би било оваа генерација да го користи разгазениот пат, за попродуктивен развој.

„Потребно е оваа сезона сите да играат. Минатата сезона имавме среќа што сите играа по клубовите и тоа е еден голем плус. Тие се во возраст во која само преку натпревари го добиваат потребното искуство. Ако и оваа сезона сите имаат минутажа, играат, тогаш можеме да се надеваме на уште еден добар резултат. На тоа ЕП, првите 12 екипи ќе добијат автоматски пласман на наредните СП и ЕП, така што тоа треба да ни биде првата цел, а потоа зависно од фондот на играчи, да се надеваме и на нешто повеќе“, најавува селекторот.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу

10/03/2026
Македонија

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен

04/03/2026
Македонија

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Владата се движи кон автократски модел и не остава

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Буџетот не е во добра кондиција, дел од расходите

03/03/2026
Македонија

РЕФОРМИТЕ ВО ФОКУС НА ВЛАДАТА Мицкоски најави конкретни мерки за

03/03/2026
Македонија

Битиќи предупредува: Цената на гасот веќе е двојно повисока, Македонија

03/03/2026
Македонија

Ангела Николовска од Доха: Денеска е мирно, македонската амбасада работи

03/03/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42209
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу приведените

10/03/2026

Девет возачи вчера завршиле во полициска станица поради тешки прекршоци во сообраќајот, информираа од Министерство за внатрешни работи на Република

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен за неколку кривични дела, ОЈО

04/03/2026

Судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје определи мерка краткотраен притвор од 48 часа против Стојанче Јовановски, сопругот

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци попладне

03/03/2026

Метеоролозите нѐ информираат дека утре претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со услови за појава на

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy