Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Стојаноски: Македонија мора да се развива –  Владата на ВМРО-ДПМНЕ ќе спроведе дигитализација на услугите и користење на ПејПал
Македонија

Стојаноски: Македонија мора да се развива – Владата на ВМРО-ДПМНЕ ќе спроведе дигитализација на услугите и користење на ПејПал

10/02/2024

AA

Пратеникот Бојан Стојаноски истакна дека владата на ВМРО-ДПМНЕ веднаш по формирањето ќе преземе чекори и мерки за економска трансформација на Македонија.

„Како идна влада се обврзуваме да ги тргнеме бирократските бариери. Даночната администрација и државните службеници ќе бидат служба на граѓаните и бизнисот. Ќе се спроведе дигитализација и поедностави постапки.

Недозволиво е граѓани да чекаат за услуга од УЈП и по неколку дена или да треба да вртат телефони да им се заврши работа.

Владата на ВМРО-ДПМНЕ ќе овозможи користење на ПејПал сервисот во Македонија, негова интеграција, како и овозможување на работа на слични сервиси и институции за електронско плаќање, а се со цел да им се поедностави функционирањето на младите фриленсери и програмери кои работат за странство и остваруваат значаен девизен обрт. Со интеграција на тие системи во нашиот систем, тие ќе може легално да ги добиваат своите пари во Македонија и за нив да платат данок.

ВМРО-ДПМНЕ има сериозен пристап со мерки кои ќе ја запрат инфлацијата, ќе го забрзаат растот и развојот.

Еден од клучните постулати на идната влада е данок на добивка од 5% за фирмите со добивка од над 50 милиони. Со оваа мерка ќе мотивираме голем број на мултинационални компании да ги префрлат своите профитни центри во Македонија и тука да го платат својот данок. Бенефит од оваа мерка ќе имаат и Македонските компании кои ќе инвестираат во себе и ќе постигнат добивки над 50 милиони евра. Фирмите со добивка од 20 до 30 милиони данокот ќе биде 8%, а за фирмите со добивка од 30 до 50 милиони истиот ќе биде 6%.

Вредно е да се напомене дека во целиот период од 4 години, мандат на владата, ќе бидат алоцирани 1 милијарда евра кон општините за инфраструктурни проекти, со цел рамномерен економски развој.

Сите мерки ќе бидат насочени кон општ развој, а не како сега, кога економијата тоне. Македонија мора да фати чекор со развиените држави, Македонија може многу подобро од тоа што е сега“, вели Стојановски.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

„И Здравје и Работа“: Доста е од дезинформации – време

26/07/2026
Македонија

Пронајдени човечки останки кај македонско-албанската граница

26/07/2026
Македонија

Мицкоски: Скопје памети, Македонија не заборава – вечен спомен за

26/07/2026
Македонија

Приведени осум лица – при преглед кај нив е пронајдена

26/07/2026
Македонија

Хорор во скопско село: Ја фатил мајка си низ прозорецот

26/07/2026
Македонија

Почина 16 годишно момче на скопските клиники – му се

26/07/2026
Македонија

Трагедија кај Градско: 81-годишен тракторист загина откако излетал од патот

26/07/2026
Македонија

Мицкоски: Очекувам утре водата во Гостивар повторно да биде технички

26/07/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 44674
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

„И Здравје и Работа“: Доста е од дезинформации – време е одлуките да се носат

26/07/2026

Локалната иницијатива „И Здравје и Работа“ смета дека јавната дебата за проектот за рудникот за бакар „Иловица–Штука“ предолго е заложник

Пронајдени човечки останки кај македонско-албанската граница

26/07/2026

Човечки череп и други предмети биле пронајдени во близина на македонско-албанската граница, во атарот на селото Лабуништа, соопшти Министерството за

Мицкоски: Скопје памети, Македонија не заборава – вечен спомен за жртвите од земјотресот

26/07/2026

Премиерот Христијан Мицкоски денеска со порака на сеќавање и почит кон жртвите од катастрофалниот земјотрес што го погоди Скопје на

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy