Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Стојаноски: Како фирмата за надзор на коридорите 8 и 10д од несоодветна со решение на влада станува соодветна?
Македонија

Стојаноски: Како фирмата за надзор на коридорите 8 и 10д од несоодветна со решение на влада станува соодветна?

04/03/2023

AA

Пратеникот Бојан Стојаноски од ВМРО-ДПМНЕ денеска на прес конференција праша како фирмата за надзор на коридорите 8 и 10д од несоодветна со решение на влада станува соодветна?

„Владата на Ковачевски влегува во сомнителни бизнис шеми во постапката за изградба на автопати во Македонија, бизниси од 22 милиони евра добиваат фирми кои претходно имале забрана заради неетичко и незаконско постапување. Ќе изнесеме информации која е фирмата која ќе го врши надзорот за изградбата на Коридор 8 и Коридор 10д и како се менувани условите во тендерскиот повик, но и што ја поврзува со лица и фирми кои претходно го добија истиот тендер, а беа поврзувани со руски капитал.

Јавната набавка за избор на надзор и правен трансакциски советник на изградбата на автопат на Коридор 8 и Коридор 10д ја добива конзорциум предводен од шпанската фирма ЕПТИСА, која заедно со уште две македонски фирми е избрана како најповолен понудувач, од која едната е Електра солушн каде потписник е Андон Ампов, син на Сотир Ампов, кој беше сопственик во една од фирмите дел од Конзорциумот на ИГХ првично избрани за вршење на работата.

Дали зад целата шема за добивање на тендерот од 22 милиони евра стојат луѓе блиски до власта? Ова прашање ечи особено ако се земе предвид фактот дека Конзорциумот предводен од ЕПТИСА го добива тендерот, откако претходно Конзорциум воден од ИГХ, а во чиј состав била фирма на извесен Сотир Ампов од Велес не доставила банкарска гаранција, а подоцна лично Груби се правдаше дека фирмата водела до „руски пари“ и дека е добро што пропаднал првиот тендер.

Сега во Конзорциумот кој ја добива работата ја нема велешката фирма на таткото Ампов, но ја има фирмата на синот Ампов. Се отвора сомнеж дека преку фирмите на поврзани лица составен дел од двата конзорциуми трагите водат до врвот на политиката во Македонија. За одговор на ова прашање мора да се потруди ЈО, кои не смеат да останат неми на толку голем број на случајности.

Да тргнеме со ред. Која е шпанската ЕПТИСА и како од несоодветна, станува соодветна?

ЕПТИСА не е фирма која е непозната за македонските власти, имено на 30 септември 2020 година на седница на влада е донесена Одлука со која Владата носи заклучок и препорака до сите државни институции и општини кои реализираат капитални инвестиции поголеми од 1.000.000 евра во денарска противвредност да не ја ангажираат шпанската фирма ЕПТИСА, од причини што истата неетички, незаконски и несоодветно постапила како надзор во поглед на првата фаза од изградбата на железничката пруга Куманово – Бељаковце.

Една година подоцна на 16.11.2021 година, Министерството за транспорт и врски издава Потврда за проектирање и надзор на градби во Република Македонија, а се однесува на Прва и Втора категорија на градби, во кои спаѓаат токму железнички пруги, станици, патишта и други примарни инфраструктурни објекти, односно токму за она за што Владата во 2020 година носи одлука да се забрани ангажирање на ЕПТИСА од страна на државните институции, органи и општини.

Која е причината, поради која е променета одлуката на владата и е дозволено ЕПТИСА да може да работи во Македонија, иако претходно е утврдено дека истата постапила неетички, незаконски и несоодветно во надзорот на изградбата на железничката пруга Куманово – Бељаковце? Што се сменило за една година, па ЕПТИСА од фирма која ги прекршила законите, работела неетички и несоодветно станува главен играч на власта?

ЈО да не спие, и веднаш да отвори постапка. Не може да се дозволи проект за изградба на два патни коридори за кои треба да се потрошат над 1 милијарда евра да помине под сомнение за криминал, а во меѓувреме додека ЈО се мисли, ние ќе продолжиме со објавување на нови детали за оваа сомнителна шема во текот на утрешниот ден“, вели Стојановски.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу

10/03/2026
Македонија

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен

04/03/2026
Македонија

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Владата се движи кон автократски модел и не остава

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Буџетот не е во добра кондиција, дел од расходите

03/03/2026
Македонија

РЕФОРМИТЕ ВО ФОКУС НА ВЛАДАТА Мицкоски најави конкретни мерки за

03/03/2026
Македонија

Битиќи предупредува: Цената на гасот веќе е двојно повисока, Македонија

03/03/2026
Македонија

Ангела Николовска од Доха: Денеска е мирно, македонската амбасада работи

03/03/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42209
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу приведените

10/03/2026

Девет возачи вчера завршиле во полициска станица поради тешки прекршоци во сообраќајот, информираа од Министерство за внатрешни работи на Република

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен за неколку кривични дела, ОЈО

04/03/2026

Судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје определи мерка краткотраен притвор од 48 часа против Стојанче Јовановски, сопругот

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци попладне

03/03/2026

Метеоролозите нѐ информираат дека утре претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со услови за појава на

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy