Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Стојаноски: Дали власта ги измени тендерските услови за Коридорите 8 и 10д да го намести 22 милионскиот тендер за Ептиса?
Македонија

Стојаноски: Дали власта ги измени тендерските услови за Коридорите 8 и 10д да го намести 22 милионскиот тендер за Ептиса?

05/03/2023

AA

Пратеникот Бојан Стојаноски денеска на прес конференција откри нови детали, кои според него, отвораат сомнеж дека премиерот Димитар Ковачевски и првиот вицепремиер Артан Груби го местеле тендерот за надзор на изградбата на Коридорите 8 и 10д.

„Откако министерството за транспорт и врски дава потврда на ЕПТИСА за надзор при изградба, по веќе претходна забрана од страна на владата, за што зборувавме вчера, сега ќе обелодениме информации како се менувани условите во тендерската постапка, за на крај ЕПТИСА да биде фирмата која ќе ги исполни и ќе го добие тендерот.

7 дена пред истекот на рокот за поднесување на понудите од страна на заинтересираните фирми за вршење на надзорот тежок 22 милиони евра, власта го продолжува рокот од 17.10.2022 на 25.10.2022, односно за цели 8 дена.

Ова не е единствена измена, покрај продолжување на рокот за поднесување, е изменет и условот со кој се бара понудувачот да приложи Извештај за билансна состојба и податоци од биланси за 2019, 2020 и 2021 година, кои треба да бидат позитивни и да бидат издадена од странска реномирана институција, регистрирана за вршење на ревизија. Со измената се брише позитивни и се бараат само билансни состојби, но не и повторувам позитивни, туку тие може да бидат и негативни, т.е. фирмата која ќе го земе 22 милионскиот тендер за надзор владата смета дека може да биде и во загуба 3 финансиски години по ред.

Сомнежите се дека овие измени се направени за фирмата ЕПТИСА, која и го добива тендерот од 22 милиони евра, бидејќи според податоците до кои дојдовме истата во 2019 година работела со загуба од 6.7 милиони евра, 2020 година со 6.9 милиони евра, а 2021 година со 8.5 милиони евра минус.

Со менувањето на условот понудувачите да не треба да имаат позитивни биланси последните 3 финансиски години, се отвора можност фирмата ЕПТИСА да учествува. И истата таа на 01.12.2022 е избрана како добитник на тендерот тежок 22 милиони евра.

Дали владата смета дека на тендер од 22 милиони евра за надзор не може и нема да се јават фирми со позитивни биланси, па мора да овозможи на истиот да се јават и загубари? Ковачевски и Груби свесно го минираат проектот за изградба на автопати со фирми и бизнис шеми со фирми во загуба, со сомнителни средства и текови.

Дали тендерските услови се менувани токму за ЕПТИСА? Дали владата мести тендер и зошто?

ЈО не смее да молчи. Одговори веднаш“, вели Стојаноски.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу

10/03/2026
Македонија

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен

04/03/2026
Македонија

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Владата се движи кон автократски модел и не остава

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Буџетот не е во добра кондиција, дел од расходите

03/03/2026
Македонија

РЕФОРМИТЕ ВО ФОКУС НА ВЛАДАТА Мицкоски најави конкретни мерки за

03/03/2026
Македонија

Битиќи предупредува: Цената на гасот веќе е двојно повисока, Македонија

03/03/2026
Македонија

Ангела Николовска од Доха: Денеска е мирно, македонската амбасада работи

03/03/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42209
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу приведените

10/03/2026

Девет возачи вчера завршиле во полициска станица поради тешки прекршоци во сообраќајот, информираа од Министерство за внатрешни работи на Република

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен за неколку кривични дела, ОЈО

04/03/2026

Судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје определи мерка краткотраен притвор од 48 часа против Стојанче Јовановски, сопругот

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци попладне

03/03/2026

Метеоролозите нѐ информираат дека утре претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со услови за појава на

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy