Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Стојаноска: СДС ги брани интересите на ДУИ за да не падне од власт и да не одговараат за сторениот криминал
Македонија

Стојаноска: СДС ги брани интересите на ДУИ за да не падне од власт и да не одговараат за сторениот криминал

05/02/2024

AA

„ВМРО-ДПМНЕ издржа на сите притисоци и надворешни и внатрешни, тоа е таа конзистентност во ставовите. И показна вежба за тоа како може кога се има цврст став со силни аргументи и да се издржи на сечиј притисок“, истакна Дафина Стојаноска, пратеник и член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ во емисијата „Само вистина“ на Канал 5 телевизија.

„И евроинтеграциите единствен национален став ако ни се, тогаш немаме никаков проблем ние. Но, прашање е како до нив, дали уценети или задржувајќи го нашиот национален интерес. Тоа е прашањето“, посочи таа.

Стојаноска додаде дека СДС треба сега да се правдаат пред своите гласачи за паролата која што им беше „Едно општество за сите“. Откако СДС е на власт граѓаните не почувствуваа ништо подобро, нема реформи во здравството, доверба во судството е на најниско ниво, корупцијата и криминалот насекаде во државата цветаат, а националните интереси се погазени.

„Колегите од Социјалдемократскиот сојуз не пред нас да се правдаат, туку треба да се правдаат пред нивните гласачи со тоа што Талат Џафери го кандидираа, тие како најголема владејачка партија за да биде премиер. И не знам дали Талат Џафери ги покани кога славеше во Форино за што станал премиер“, рече таа.

Таа посочи дека само ВМРО-ДПМНЕ е партијата која што опстана, докажа и покажа дека можат да се бранат националните ставови и интереси.

„Оваа гарнитура на СДС покажа дека можат да се пазарат и за националните интереси, а сето тоа да го камуфлираат со евроинтеграции. Притоа не зборувајќи за криминал, за корупција“, нагласи Стојаноска.

Пратеничката рече дека пратениците од СДС ги бранат интересите на ДУИ.

„А, зошто ги бранат интересите на ДУИ? Затоа што сега паниката е ДУИ да не падне од власт за да не одговара, не е за евроинтеграциите. Ние не можеме да говориме за европски фронт и за евроинтеграции, а на друга страна да креираат криминалци, богаташи и да ги полнат институциите МВР, судство и обвинителство со кадри кои што утре евентуално би го криеле овој криминал“, истакна пратеничката.

Стојаноска укажа дека евроинтеграции значи да нема корупција и криминал во државата. А, за жал овие години власта на СДС и ДУИ единствено креираа агенда на криминал и корупција.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу

10/03/2026
Македонија

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен

04/03/2026
Македонија

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Владата се движи кон автократски модел и не остава

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Буџетот не е во добра кондиција, дел од расходите

03/03/2026
Македонија

РЕФОРМИТЕ ВО ФОКУС НА ВЛАДАТА Мицкоски најави конкретни мерки за

03/03/2026
Македонија

Битиќи предупредува: Цената на гасот веќе е двојно повисока, Македонија

03/03/2026
Македонија

Ангела Николовска од Доха: Денеска е мирно, македонската амбасада работи

03/03/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42209
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу приведените

10/03/2026

Девет возачи вчера завршиле во полициска станица поради тешки прекршоци во сообраќајот, информираа од Министерство за внатрешни работи на Република

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен за неколку кривични дела, ОЈО

04/03/2026

Судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје определи мерка краткотраен притвор од 48 часа против Стојанче Јовановски, сопругот

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци попладне

03/03/2026

Метеоролозите нѐ информираат дека утре претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со услови за појава на

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy