Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Стипендии од Битолска млекара за новозапишани студенти на УКЛО
Македонија

Стипендии од Битолска млекара за новозапишани студенти на УКЛО

26/04/2023

AA

Битолска млекара ќе додели стипендии за тројца новозапишани студенти на Универзитетот Св. Климент Охридски Битола. Доделувањето стипендии за упис на факултетите од овој Универзитет е дел од меморандумот за соработка потпишан со Универзитетот и Бимилк а чија цел е обединување на заедничките капацитети и ресурси за обезбедување можности за квалитетно образование, личен и кариерен раст и развој на младите од градот и околината. Стипендиите се наменети за студентите што ќе се запишат на Ветеринарниот факултет во Битола, на Факултетот за биотехнички науки – Битола и на Техничкиот факултет-Битола.

За Битолска млекара ова е начин како општествено одговорна компанија да вложи во идните генерации и да создаде можности за младите и студентите да останат во Битола и активно со своите вештини и капацитети да ја зајакнуваат локалната заедница.

Меморандумот беше потпишан од страна на ректорот проф. д-р Игор Неделковски и Ѓорги Петрушев, генералниот директор на Млекара АД Битола.

„Битолска млекара како значаен стопански фактор и како компанијата со развиена свесност и општествена одговорност останува цврсто посветена на поддршка на образованието, а со тоа и на локалната заедница. Оваа соработка создава можности пред сѐ за студентите, но и за општеството, кое добива квалитетно образовани кадри на еден високо реномиран Универзитет. Веруваме дека на овој начин ќе им помогнеме на студентите да се стекнат со квалитетно образование и ќе станат успешни членови на заедницата и со моќта на знаењето и вештините ќе придонесуваат за развој на општеството во целост“, истакна Ѓорги Петрушев, генерален директор на Битолска млекара.

Потпишувањето на меморандумот беше дел од одбележувањето 44 години од формирањето на Универзитетот „Свети Климент Охридски“ Битола.

„Ние сме тука како Универзитет да се грижиме за јавниот интерес на нашата држава, општините во кои делуваме, пред сѐ општина Битола како главно јадро. Нашата најголема мисија денес е задржување на младите во своите родни градови, не само преку миграцијата во странство, туку и внатрешната миграција кон главниот град. На тој начин, преку зајакнување на соработка со бизнис заедницата сакаме да овозможиме просперитет на нашите општини, во нашиот регион“, истакна ректорот проф. д-р Игор Неделковски.

Со потпишувањето на овој Меморандум Бимилк ја продолжува и продлабочува соработката со УКЛО, што се одвива во континуитет и вклучува различна помош и поддршка.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу

10/03/2026
Македонија

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен

04/03/2026
Македонија

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Владата се движи кон автократски модел и не остава

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Буџетот не е во добра кондиција, дел од расходите

03/03/2026
Македонија

РЕФОРМИТЕ ВО ФОКУС НА ВЛАДАТА Мицкоски најави конкретни мерки за

03/03/2026
Македонија

Битиќи предупредува: Цената на гасот веќе е двојно повисока, Македонија

03/03/2026
Македонија

Ангела Николовска од Доха: Денеска е мирно, македонската амбасада работи

03/03/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42209
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу приведените

10/03/2026

Девет возачи вчера завршиле во полициска станица поради тешки прекршоци во сообраќајот, информираа од Министерство за внатрешни работи на Република

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен за неколку кривични дела, ОЈО

04/03/2026

Судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје определи мерка краткотраен притвор од 48 часа против Стојанче Јовановски, сопругот

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци попладне

03/03/2026

Метеоролозите нѐ информираат дека утре претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со услови за појава на

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy