Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Стигна одлуката: Во Кочани ќе се гради спомен-обележје „Патека на бесконечноста за 63-те ангели“
Македонија

Стигна одлуката: Во Кочани ќе се гради спомен-обележје „Патека на бесконечноста за 63-те ангели“

09/02/2026

AA

Родителите од Кочани информираат дека ја добиле одлуката за спомен-обележјето „Патека на бесконечноста“, посветено на 63-те ангели.

Како што велат, советот на Општина Кочани, на седницата одржана на 30 јануари 2026 година, донесе официјална Одлука за изведување на спомен-обележјето под името „Патека на бесконечноста за 63-те ангели“. Овој проект е посветен на жртвите кои трагично загинаа во пожарот во дискотеката „Пулс“.

Според усвоената документација, спомен-обележјето ќе се простира на вкупна површина од 1.053 квадратни метри. Локацијата е прецизирана на дел од катастарската парцела бр. 12179 КО Кочани, сместена помеѓу улиците „Кеј на револуцијата“ и „Браќа Ставреви“. Проектот предвидува максимална висина на обележјето до три метри.

„Ова за нас претставува голем и значаен чекор напред. Во наредниот период продолжуваме со обезбедување на останатите потребни документи, како и со финансиска поддршка од фирми и од физички лица, но и преку спортски и хуманитарни настани кои веќе се одржаа, како и оние кои во иднина ќе се одржуваат со исклучиво хуманитарна цел“, велат родителите.

Тие изразуваат огромна благодарност до Советот на Општина Кочани, како и до граѓаните на Општина Кочани, за нивната максимална поддршка, солидарност и човечност во овие тешки моменти.

„Се надеваме и веруваме дека „Патеката на бесконечноста“ ќе биде изградена во најкраток можен рок, како траен спомен, тивка болка и вечно сеќавање на оние кои прерано нè напуштија“, додаваат од таму.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ВЕЛИКИ ПЕТОК, НАЈТЕШКИОТ ДЕН ВО ГОДИНАТА ЗА ХРИСТИЈАНИТЕ Денот кога

10/04/2026
Македонија

Посебен режим на сообраќај утре во Скопје поради празникот Велигден

10/04/2026
Македонија

Денеска започнува целосната примена на ЕЕС системот

10/04/2026
Македонија

Најстудено утрово на Попова Шапка

10/04/2026
Македонија

ВОЗЕТЕ ВНИМАТЕЛНО И ОДГОВОРНО ЗА ВРЕМЕ НА ВЕЛИГДЕНСКИТЕ ПРАЗНИЦИ Алкохолот

10/04/2026
Македонија

СОНЧЕВО, НО СВЕЖО И УМЕРЕНО ОБЛАЧНО Стабилно и суво време

10/04/2026
Македонија

СИТЕ АНАЛИЗИ ОД ОБДУКЦИИТЕ ЌЕ БИДАТ ПРЕЗЕНТИРАНИ Родителите на жртви

10/04/2026
Македонија

ЈАВНИОТ ОБВИНИТЕЛ САВЕСКИ НА СРЕДБА СО ТИМ ОД ДЗР Засилена

10/04/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42343
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ВЕЛИКИ ПЕТОК, НАЈТЕШКИОТ ДЕН ВО ГОДИНАТА ЗА ХРИСТИЈАНИТЕ Денот кога бил распнат Исус Христос

10/04/2026

Христијаните денеска го одбележуваат Велики петок, кој освен Велипеток уште се вика и Распет петок, зашто на тој ден е

Посебен режим на сообраќај утре во Скопје поради празникот Велигден

10/04/2026

По повод празникот „Воскресение Христово-Велигден” на утре (11.04.2025), Единицата за безбедност на патниот сообраќај при СВР Скопје ќе воведе посебен

Денеска започнува целосната примена на ЕЕС системот

10/04/2026

Од денеска Европската Унија започнува со целосна примена на новиот дигитален систем за контрола на влез и излез на странски

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy