
Стевчо Јакимовски размислува за кандидат за претседател
Градоначалникот на Карпош, Стевчо Јакимовски на ТВ21 истакна дека размислува за кандидатурата за претседател на државата.
Според него, со оглед на се што продефилирало на политичката сцена, неговото искуство му дава за право дека може да се носи со секаков проблем.
„Морам да кажам дека размислувам“, вели Јакимовски.
