
Стевче Јакимовски ја објави кандидатурата за нов мандат во Карпош
Актуелниот градоначалник на општина Карпош, Стевче Јакимовски, денеска официјално ја објави својата нова кандидатура за градоначалник на претстојните локални избори.
Оваа одлука беше соопштена на организираниот брифинг со новинари.
Со ова, тој влегува во трка за уште еден мандат, откако претходно неколку пати ја извршуваше функцијата прв човек на Карпош.
