
Стела ќе се вика кучето кое се качи на бина додека Петровска говореше, а потоа го вдоми
Министерката за одбрана Славјанка Петровска информираше дека кучето кое вчера го вдоми ќе се вика Стела.
„Ширете љубов, а не омраза и лаги, затоа што тоа што го ширите тоа ќе ви се врати Дона беше моето прво куче, кога имав 3 години, потоа миленичиња ми беа Доли, Ава, Аба, Коки…а сега Стела“, напиша министерката на друштвената мрежа Фејсбук.
Несекојдневниот настан се случи вчера во касарната „Јане Сандански“ во Скопје. Додека свој говор имаше министерката за одбрана Славјанка Петровска, мало улично кученце се качи на бината срамежливо барајќи вода.
ФОТО: Кученце се качи на бината додека зборуваше Петровска – министерката одлучи да го вдоми