Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Стефковски даде отчет за сработеното: За две години реализиравме 420 нови проекти
Македонија

Стефковски даде отчет за сработеното: За две години реализиравме 420 нови проекти

17/11/2023

AA

Вчера градоначалникот на општина Гази Баба Бобан Стефковски на организиран настан во салата Македонија во општинското основно училиште Крсте Мисирков, даде отчет за сработеното во изминатите две години.

На почетокот од обраќањето, Стефковски истакна:

Денес е денот за отчет. Нашиот отчет е наша должност кон Вас, бидејќи тоа е обврска кон Вашата доверба. Ова е нашето капитално дело. Дело кое е компилација од нашиот труд и работа во изминатите две години, а се темели на дадената доверба од Вас.

Во него се испишани реализираните проекти кои се резултат на нашата макотрпна работа. Дел од тие резултати се остварени ветувања дадени пред изборите, бидејќи она што го ветив пред граѓаните беше реално и остварливо и стојам зад заложбата секое дадено ветување да биде реализирано на дело.

Изминатите две години реализиравме и започнавме со реализација вкупно 420 нови проекти. Работевме одговорно, чесно и посветено. – истакна Стефковски.

Во делот на реализираните проекти, градоначалникот Стефковски детално се осврна на сите реализирани проекти во што истакна:

Цврсто се зафативме со решавањето на децениските проблеми затоа што цврсто верувам дека со ставањето крај на проблемите со недостатокот на фекална канализација, вода за пиење и кал по улиците отвораме пат за нови можности. Токму поради тоа во изминатите две години изградивме нова мрежа на фекална канализација во должина од 21 километар.

Покрај проблемот со недостаток на фекална канализација кога дојдов за градоначалник на општина Гази Баба затекнав комплетно заборавени населени места кои немаа ниту чиста вода за пиење. Денес по само две години со задоволство можам да кажам дека нема населено место во општина Гази Баба кое нема питка вода за пиење.

Оваа година ја реализиравме и историски најголемата акција за асфалтирање на локални улици. Во изминатите две години асфалтиравме локални улици на површина од 29.000 метри квадратни.

Изградивме 18 спортски терени на најсовремена тартан подлога во Ченто, Гоце Делчев, Автокоманда, Кирил Петрушевски, Керамидница, Колонија, Триангла, Идризово и други населени места.

Изградивме 4 спортски терени на подлога од вештачка трева во Стајковци, Инџиково, Страчинци и Автокоманда.

Поставивме 3 фитнес зони на отворено во Триангла, Керамидница и Колонија.

Образованието е столбот на секое општество. И токму поради тоа во изминатите две години инвестиравме 43.000.000 денари во општинските основни училишта на територија на општина Гази Баба со цел обезбедување на подобри и поквалитетни услови за образование и воспитание на нашите деца.

Дополнително комплетно ја изградивме и ја предадовме во употреба новата училишна сала на ООУ Кирил и Методиј во Стајковци, а истовремено започнавме со изградба на нова училишна сала во ООУ Наум Охридски во Булачани.

Комплетно ги реконструиравме училишните спортски сали во ООУ Дане Крапчев во Ченто и ООУ Григор Прличев во Железара.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу

10/03/2026
Македонија

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен

04/03/2026
Македонија

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Владата се движи кон автократски модел и не остава

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Буџетот не е во добра кондиција, дел од расходите

03/03/2026
Македонија

РЕФОРМИТЕ ВО ФОКУС НА ВЛАДАТА Мицкоски најави конкретни мерки за

03/03/2026
Македонија

Битиќи предупредува: Цената на гасот веќе е двојно повисока, Македонија

03/03/2026
Македонија

Ангела Николовска од Доха: Денеска е мирно, македонската амбасада работи

03/03/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42209
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу приведените

10/03/2026

Девет возачи вчера завршиле во полициска станица поради тешки прекршоци во сообраќајот, информираа од Министерство за внатрешни работи на Република

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен за неколку кривични дела, ОЈО

04/03/2026

Судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје определи мерка краткотраен притвор од 48 часа против Стојанче Јовановски, сопругот

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци попладне

03/03/2026

Метеоролозите нѐ информираат дека утре претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со услови за појава на

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy