Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Стефан Трпковски, лице со Даунов синдром од денеска дел на тимот на Ѓорѓиевски
Македонија

Стефан Трпковски, лице со Даунов синдром од денеска дел на тимот на Ѓорѓиевски

21/03/2023

AA

Стефан Трпковски, лице со Даунов синдром од денеска е дел на тимот на градоначалникот на општина Кисела Вода, Орце Ѓорѓиевски.

Оваа вест на социјалните мрежи ја сподели Ѓорѓиевски кој вели дека од денес, Стефан ќе запознае нови колеги во општина Кисела Вода, и ќе извршува работни обврски.

Воедно, Стефан ќе почувствува дека општеството и нему му пружа еднакви можности како на останатите.

„Видно возбуден, ми раскажа за своите таленти, за кошарката која е негова прва љубов, за модерните танци и освоеното второ место на Специјалната олимпијада за танцови игри, за пливањето кое веќе 10 години е негово хоби.

Се подготвува да плива на Параолимпијада во Берлин, каде заедно со уште три други деца ќе ги брани боите на Македонија.

За жал, Дауновиот синдром, кој светот денес го одбележува, во Македонија сѐ уште е табу тема.

На овие простори преовладуваат стереотипи, кои овие лица ги држат на маргините на општеството. Интересно и крајно полезно е да ги запознаеме, да видиме каква е желбата кај нив, со каква трудољубивост настапуваат кога треба да совладаат некаква вештина. Како локална самоуправа, која прави сериозни чекори во овозможувањето на еднакви услови за сите, општина Кисела Вода презема крупни чекори во надминувањето на предрасудите и препознавањето на способностите на луѓето со Даунов синдром.

За Стефан, ова е шанса да се афирмира како рамноправен член на заедницата.

За останатите наши вработени и за нас како институција, ова е можност да се надминат евентуалните заблуди и самите да дадеме свој придонес во изградба на општество во кое е обезбедено подеднакво уживање на човековите слободи и права, општество во кое се почитува и уважува човековото достоинство.

Воедно како претседател на #ЗЕЛС, сакам да упатам апел до сите останати единици на локалната самоуправа, но и до институциите од централната власт, да го следат нашиот чекор и да овозможат вработување на лица со Даунов синдром.
Заложбите за еднаков третман на различностите не смеат да бидат само декларативни.

Со дела да покажеме дека сме подготвени да го менуваме светот на подобро!“, напиша Ѓорѓиевски.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

НАМЕСТО ДА ОБЈАСНИ ЗОШТО БИЛ КАЈ ЗАЕВ, ФИЛИПЧЕ ЗБОРУВАШЕ ДЕКА

13/02/2026
Македонија

ЗОШТО ДОЗВОЛИЛЕ ОДГЛЕДУВАЊЕ КАНАБИС НА ОТВОРЕНО? Филипче жестоко го брани

13/02/2026
Македонија

СО ТРЕНДАФИЛОВ НИ Е ЗАЕДНИЧКО САМО ТОА ШТО НÈ ПРАТАТ

12/02/2026
Македонија

НÈ ЧЕКА ВРНЕЖЛИВ ВИКЕНД И ЗАЛАДУВАЊЕ Продолжува променливото време

12/02/2026
Македонија

Касами: Сè додека Беса учествува во Владата како дел од

12/02/2026
Македонија

БЕСА ГО ОТВОРИ ПАТОТ ЗА СПОЈУВАЊЕ ВО ПАРТИЈА „ВРЕДИ“ Движењето

12/02/2026
Македонија

Година на странски туристи: Туризмот во Македонија со раст од

12/02/2026
Македонија

Дефект на водовод блокираше пат: Свлечиште го отсече селото Татар

12/02/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 41397
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

НАМЕСТО ДА ОБЈАСНИ ЗОШТО БИЛ КАЈ ЗАЕВ, ФИЛИПЧЕ ЗБОРУВАШЕ ДЕКА ГО СЛЕДЕЛЕ Петрушевски има 3

13/02/2026

Наместо да објасни зошто по скандалот со запленетата марихуана заминал во Грција на „консултации” кај неговиот ментор Заев, лидерот на

ЗОШТО ДОЗВОЛИЛЕ ОДГЛЕДУВАЊЕ КАНАБИС НА ОТВОРЕНО? Филипче жестоко го брани менторот, обвинува ВМРО-ДПМНЕ

13/02/2026

Лидерот на СДСМ Венко Филипче да каже зошто со неговиот претходник Зоран Заев дозволиле одгледување на канабис на отворено спротивно

СО ТРЕНДАФИЛОВ НИ Е ЗАЕДНИЧКО САМО ТОА ШТО НÈ ПРАТАТ СЛУЖБИТЕ Филипче има идеја како

12/02/2026

  Лидерот на СДСМ Венко Филипче во интервју за Канал 5 вели дека нема комуникација ниту координација со претседателот на

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy