
Стефан Богоев е новиот директор на Царина – Кутиров си оди од лични причини!
По денешната владина седница, потпретседателот на СДСМ, Стефан Богоев е именуван за нов директор на Царинската управа.
Тој на оваа функција доаѓа по Славица Кутиров.
„На денешната седница Владата на Република Северна Македонија ја прифати мојата оставка од функцијата директор на Царинската управа, поднесена од лични причини, а со цел понатамошен развој на мојата професионална кариера на меѓународен план. Сакам да се заблагодарам на Владата и на премиерот Димитар Ковачевски за безрезервната поддршка во изминатите две години, што придонесе Царинската управа да прерасне во една од водечките професионални и технолошки напредни институции во државата. На новиот директор му го честитам назначувањето на функцијата и му посакувам успешна работа и уште подобри резултати.“, вели Кутиров.

