Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Стечај им се заканува на се поголем број компании во Германија – Што се случува, зошто толку многу компаниите пропаѓаат?
Економија

Стечај им се заканува на се поголем број компании во Германија – Што се случува, зошто толку многу компаниите пропаѓаат?

02/07/2023

AA

Бројот на несолвентните компании во Германија повторно расте. Само во првите шест месеци од годинава кредитното биро „Кредитреформ“ регистрира 8.400 фирми во стечај.

Бирото соопшти дека станува збор за зголемување од 16,2 отсто во однос на првата половина од минатата година. Поголем процентуален пораст е забележан, според експертите, последен пат во 2002 година, пренесува „Б92.рс“.

„Огромното финансиско оптоварување поради високите цени на енергијата и материјалите го покажува својот ефект. По години на опаѓање на неликвидноста, трендот сега е обратен“, рече Патрик-Лудвиг Ханч, директор за економски истражувања во Kreditreform.

Сепак, иако тоа е значително зголемување, тоа е повеќе нормализација отколку бран на несолвентност, рече експертот.

За таквиот развој придонесе и лошата потрошувачка клима.

„Инфлацијата ги потресе потрошувачите и во голема мера ја спречува нивната волја за трошење“, оцени Ханч. Дополнително, додаде тој, и средствата кои државата великодушно ги распредели за време на пандемијата, а кои сега треба да се вратат, стануваат проблем за многу компании.

Бројот на неликвидност на физички лица, за разлика од фирмите, во првото полугодие со 33.200 е на ниво од минатата година.

„Енергетската криза и поскапувањата сè уште немаат опипливо влијание врз бројот на несолвентности на потрошувачите“, рече Ханч.

Една од причините за тоа, според неговото мислење, е што пазарот на труд и покрај актуелната техничка рецесија, досега се покажал како отпорен. Дополнително, потешката економска ситуација влијае на неликвидноста на потрошувачите само со одредено задоцнување.

Од кредитното биро пресметуваат дека до крајот на оваа година состојбата со фирмите дополнително ќе се влоши.

„Економската клима за компаниите поради инфлацијата, како и каматната политика, остануваат многу тензични“, рече Ханч, наведувајќи дека бројот на банкроти на компании во наредните месеци може да се забрза.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу

10/03/2026
Македонија

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен

04/03/2026
Македонија

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Владата се движи кон автократски модел и не остава

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Буџетот не е во добра кондиција, дел од расходите

03/03/2026
Македонија

РЕФОРМИТЕ ВО ФОКУС НА ВЛАДАТА Мицкоски најави конкретни мерки за

03/03/2026
Македонија

Битиќи предупредува: Цената на гасот веќе е двојно повисока, Македонија

03/03/2026
Македонија

Ангела Николовска од Доха: Денеска е мирно, македонската амбасада работи

03/03/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42209
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу приведените

10/03/2026

Девет возачи вчера завршиле во полициска станица поради тешки прекршоци во сообраќајот, информираа од Министерство за внатрешни работи на Република

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен за неколку кривични дела, ОЈО

04/03/2026

Судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје определи мерка краткотраен притвор од 48 часа против Стојанче Јовановски, сопругот

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци попладне

03/03/2026

Метеоролозите нѐ информираат дека утре претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со услови за појава на

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy