Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 СТАВЕН ПОД ЗАЛОГ ИМОТ ВРЕДЕН 1,8 МИЛИОНИ ЕВРА – „Неметали Огражден“ од Струмица извести за голема зделка
Економија

СТАВЕН ПОД ЗАЛОГ ИМОТ ВРЕДЕН 1,8 МИЛИОНИ ЕВРА – „Неметали Огражден“ од Струмица извести за голема зделка

18/03/2024

AA

Компанијата „Неметали Огражден“ од Струмица заложува имот
вреден 1,8 милиони евра, а целта им е да земат револвинг кредит кој би се користел
и отплаќал во наредниот подолг период. За ова компанијата ја извести инвеститорската јавност
преку Берзата, а тоа е и должна да го направи согласно со берзанските правила.

Станува збор за заеми, кредити, заеми, залог, гаранции
или меѓусебно поврзани зделки, доколку таквите зделки се
однесуваат на стекнување или на отуѓување, или на можно отуѓување, директно или
индиректно на имот на друштвото чијашто вредност изнесува над 20 отсто од
книговодствената вредност на имот на друштвото определена врз основа на
последните финансиски извештаи.

Исклучок од ова се зделки извршени односно остварени во
текот на редовното работење на друштвото, зделки поврзани со стекнување преку
запишување обични акции на друштвото, и зделки поврзани со стекнување на
конвертабилни обврзници, како и други зделки определени во статутуот на
друштвото, како зделки на кои ќе се применува постапката на одобрување на
големи зделки, на начинот определен со Законот за трговски друштва.

Па така, од компанијата Неметали
Огражден Струмица навеле дека апсолутниот износ на зделката е на износ од 110.871.000
денари, што е рамно на 1,8 милиони евра. Станува збор за залог на недвижен
имот односно хипотека и авалирање на меница.

Одлуката ја донел Управниот одбор на компанијата.

Релативниот износ на таа зделка е 24
отсто во однос на книговодствената вредност на имот на друштвото. Начинот, пак,
на кој е утврдена вредноста на зделката, е врз основа на износот на кредитниот
лимит.

Во објавата на компанијата уште е
наведено дека страна на зделката е Шпарккасе банка, додека, пак, корисник на
зделката е ПЗУ Поликлиника на примарно ниво Мартини од Струмица.

Овој залог на недвижен имот се прави
со цел да се земе рамковен револвинг кредитен лимит, а чии рок на користење и враќање е март 2034
година.

Како што е познато, основна дејност на „Огражден“
АД Струмица е експлоатација и преработка на минерални суровини.

Неодамна од таа
компанија известија дека годинава имале вложување на цел погон за
производство на суви
прашкасти градежни производи во ДПТУ
Огражден-Микромикс, друштво кое е во целосна сопственост на АД за неметали Огражден, со што дошло до драстично намалување на продажбите
на домашен пазар, но и на трошоците за суровини.

Најголеми
сопственици на компанијата се Тања Маџункова со 50,2 отсто од акциите, и
Аристид Маџункпов, кој поседува акционерски капитал на износ од 11,77 отсто од
сопственичката структура на компанијата.

Н.Н.Ф.

Фото: Неметали Огражден Струмица

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу

10/03/2026
Македонија

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен

04/03/2026
Македонија

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Владата се движи кон автократски модел и не остава

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Буџетот не е во добра кондиција, дел од расходите

03/03/2026
Македонија

РЕФОРМИТЕ ВО ФОКУС НА ВЛАДАТА Мицкоски најави конкретни мерки за

03/03/2026
Македонија

Битиќи предупредува: Цената на гасот веќе е двојно повисока, Македонија

03/03/2026
Македонија

Ангела Николовска од Доха: Денеска е мирно, македонската амбасада работи

03/03/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42209
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу приведените

10/03/2026

Девет возачи вчера завршиле во полициска станица поради тешки прекршоци во сообраќајот, информираа од Министерство за внатрешни работи на Република

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен за неколку кривични дела, ОЈО

04/03/2026

Судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје определи мерка краткотраен притвор од 48 часа против Стојанче Јовановски, сопругот

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци попладне

03/03/2026

Метеоролозите нѐ информираат дека утре претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со услови за појава на

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy