
СТАТИСТИКА: Германците трошат најмалку за храна во споредба со другите членки на ЕУ
Германците трошат најмалку за храна во споредба со другите членки на Европската Унија(ЕУ).
Иако цените скокнаа, сепак германските потрошувачи трошат помалку на храна, медицински услуги и нега од граѓаните на која било друга земја членка на ЕУ, објави германската агенција ДПА. Учеството на овие трошоци во личната потрошувачка лани со 13,4 отсто, е помало од останатите 26 членки на ЕУ, покажуваат податоците од студијата на институтот за истражување на пазарот НИКЈУ.
„Просечните приходи во Германија се високи. Покрај тоа, конкуренцијата во трговијата на мало со храна е пожестока од кое било друго место, а тоа ги турка цените надолу. Иако неодамна се зголемија поради високата инфлација, тие сè уште се релативно ниски“, изјави експертот за малопродажба Филип Војтек.
Германија забележала најсилен раст на купувањето со попусти во Западна Европа, со пораст од 14 проценти.
foto freepik.com