
Стартуваше второто полугодие со старите проблеми
Наместо од книга, шестоодделенците и во второто полугодие го стартуваа учејќи од скрипти по предметот Историја и општество. Никој не сака да биде рецензент на новиот учебник. Половина година ресорното министерството не успева да најде рецензенти, за учебникот конечно да биде испечатен. Министерот Шаќири, вели дека сите одобрени учебници се доставени до основните и средни училишта.
Немањето учебници создава препрека во совладувањето на материјалот, особено кај шестоодделенците кои преминуваат од одделенска во предметна настава. Наставниците со став дека наставата мора да ги следи современите случувања.
За министерот за образование и наука е неприфатливо што во одредени општини во училиштата, наставата се следи без парно греење. Апелира на одговорност од директорите и наставниците да побараат решение од општините.
