Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 СТАРТУВА СО РАБОТА ТРЕНИНГ ЦЕНТАРОТ ЗА ИЗВОЗ ПРИ СТОПАНСКАТА КОМОРА: Интересот на фирмите огромен
Економија

СТАРТУВА СО РАБОТА ТРЕНИНГ ЦЕНТАРОТ ЗА ИЗВОЗ ПРИ СТОПАНСКАТА КОМОРА: Интересот на фирмите огромен

25/09/2024

AA

Тренинг центарот на Институтот за извоз, воспоставен во рамки на „Проектот за поддршка на приватниот сектор за регионална интеграција“, кој Комората го реализира во партнерство со УСАИД, почнува со две паралелни обуки од вкупно единаесет, во рамки на двете програми, „Како да започнете со извоз на меѓународни пазари“ и „Извозен менаџмент“. Во рамки на првите две обуки „Меѓународен бизнис и меѓународни односи„ и „Анализа, пристап и модели на влез на странски пазари“, кои се реализираат бесплатно за претставниците на компаниите, интересот е исклучително голем за двете обуки, и затоа се повикуваат компаниите навремено да ги следат објавите за обуки кои ќе следат и во наредниот период. Уникатната вредност која овие обуки ја имаат за учесниците е во испорака на знаења и вештини пренесени од истакнати домашни и странски експерти – неколку претставници од академската фела и повеќето со работно искуство во приватниот сектор, со што се прави ефикасен спој на теоретски и практичен пристап во изведување на обуките. 

Фокусот на Тренинг центарот е развивање на човечките ресурси во областа на надворешно-трговското работење, преку испорака на обуки и модули на теми кои се од големо значење за организирање на извозното работење. Обуките во рамки на првата програма „Како да започнете со извоз на меѓународни пазари“ е наменета за компании кои сакаат да започнат извозни активности, но немаат доволно знаења за да го направат тоа, додека втората „Извозен менаџмент“, е наменета за постојни извозници кои сакаат да го унапредат своето работење и да го прошират опсегот на земји/пазари на кои ќе ги пласираат своите производи.

Паралелно со Тренинг центарот во рамки на Институтот за извоз ќе делува уште една целина, Центар за истражувања и анализи (Аналитички центар), преку кој ќе се испорачува стручна експертиза за поддршка на компаниите и консултански услуги за подготовка на компании за настап на странски пазари, преку обезбедување на анализи кои ќе го олеснат пристапот на компаниите до информации кои влијаат врз носењето на деловни одлуки.

Согласно планот, единаесетте обуки од двете програми е планирано да се реализираат до средината на идната година согласно потребите на компаниите и расположливоста на капацитетите и паралелно да се обучат 600 лица од извозни или потецијало извозни компании. Покрај овие две обуки / модули „Меѓународен бизнис и меѓународни односи„ и „Анализа, пристап и модели на влез на странски пазари“, останатите се: Економски аспекти на меѓународниот бизнис; Дијагностика на компетенции за извоз; Маркетинг за извозна промоција; Задолжителни правила и правни аспекти при извоз; Царински постапки, меѓународен транспорт и логистика; Развивање на извозни стратегии и Водење на финансии на извозна компанија, кои вкупно во себе опфаќаат 51 тема од 11-те модули.

Стопанската комора на Северна Македонија, со креирање на Институтот за извоз и почетокот со работа на Тренинг центарот согласно концептот „Комора на иднината“, во својот фокус на работење покрај другото, ги издигнува барањата и потребите на извозно-ориентираните компании за пристап до соодветни знаења, вештини и експертиза во областа на надворешно-трговското работење. Институтот за извоз е формиран во  Комората во услови на недостиг на професионално тело чии заложби ќе бидат насочени кон поддршка на градењето на кадровските капацитети на македонските извозно-ориентирани компании.

Преку проектот “Поддршка на приватниот сектор за регионална интеграција”, УСАИД ја поддржува Стопанската комора на Северна Македонија во напорите да овозможи подобра интеграција на бизнисите во регионалните и глобалните вредносни синџири и засилување на нивниот капацитет за да бидат конкурентни на Западниот Балкан и пошироко во ЕУ. Идејата е да се создадат алатки за јавно-приватен дијалог, промоција на придобивките од регионалната економска интеграција на деловната заедница, истражување и унапредување на можностите за извоз и обезбедување одржливи услуги за извозните компании.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу

10/03/2026
Македонија

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен

04/03/2026
Македонија

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Владата се движи кон автократски модел и не остава

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Буџетот не е во добра кондиција, дел од расходите

03/03/2026
Македонија

РЕФОРМИТЕ ВО ФОКУС НА ВЛАДАТА Мицкоски најави конкретни мерки за

03/03/2026
Македонија

Битиќи предупредува: Цената на гасот веќе е двојно повисока, Македонија

03/03/2026
Македонија

Ангела Николовска од Доха: Денеска е мирно, македонската амбасада работи

03/03/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42209
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу приведените

10/03/2026

Девет возачи вчера завршиле во полициска станица поради тешки прекршоци во сообраќајот, информираа од Министерство за внатрешни работи на Република

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен за неколку кривични дела, ОЈО

04/03/2026

Судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје определи мерка краткотраен притвор од 48 часа против Стојанче Јовановски, сопругот

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци попладне

03/03/2026

Метеоролозите нѐ информираат дека утре претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со услови за појава на

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy