Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Стартува македонската берза за електрична енергија, со просечна цена од 115 евра од мегаватчас
Економија

Стартува македонската берза за електрична енергија, со просечна цена од 115 евра од мегаватчас

10/05/2023

AA

Македонската берза за електрична енергија денеска по првиот ден од стартот на својата работа формираше референтна цена од просечни 115 евра, што е само за 3 евра помалку од денешната цена на интернационалната референтна берза HUPX.

Денеска македонската берза стартуваше со присуство на голем број на гости, пред се од бизнисот и енергетскиот сектор. Директорот на МЕМО, Симон Шутиноски, фирмата-ќерка за организиран пазар на струја на МЕПСО, која пет години го организираше воспоставувањето на берзата, рече дека е задоволен од исходот во првиот ден од тргувањето.

– Тргувањето заврши безбедно, без никаков проблем. Истргувани се околу 500 мегаватчасови, по  20 мегаватчасови во просек по поединечно тргување, додека просечната цена што е постигната на крајот од тргувањето е 7.125 денари. Денеска тргуваа 20 компании, а склучени договори со МЕМО за користење на платгормата имаат 22. Ќе имаме понатаму пореална џена и стабилизирање на пазарот, ги соопшти резултатите Шутиноски.

Денеска тргуваа компаниите Сентраде, Дуферко, AOT Македонија, Елнор, ЕСМ Продажба, ГЕН-И, ТЕ-ТО АД Скопје, Интеренерго, РЕС, Макстил, ЕФТ, АД МЕПСО, Енерџи Активе, ЕВН снабдување, ЕВН електрани, ОКТА, Универсал Енерџи, ЕДС, ЕТМТ Енерџи и АД ЕСМ. Интерес пројавиле и други компании, а со нив ќе се разговара во претстојниот период.

На настанот честитка беше упатена честитка и од премиерот Димитар Ковачевски, кој порача дека берзата ќе помогне да се намали зависноста од странските пазари, додека вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи, кој учествуваше на самиот настан, рече дека денот е историски за нашата економија и енергетика. 

– Им благодаран на сите домашни експерти, на Секретаријатот на енергетскат заедница и САД за помошта. Пазарот станува динамичен и понатаму ќе се поврзе со конкурентските пазари од регионот. Со активно купување и продавање конечно ќе се добие референтната цена, порача Битиќи пред присутните.

Заменик-амбасадорот на САД во Скопје, Ерик Мејер,рече дека берзата не е крајната цел, туку дека таа треба да стане дел од организираниот европски пазар преку паневропскиот модел.

– Направен е голем и важен исчекор. Сите покажаа посветеност за тоа да биде можно. САД ќе ја помогне понатамошната нејзина интеграција. Меѓутоа, учеството мора да продолжи да биде активно во тргувањето, истакна Мејер.

А.К.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу

10/03/2026
Македонија

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен

04/03/2026
Македонија

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Владата се движи кон автократски модел и не остава

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Буџетот не е во добра кондиција, дел од расходите

03/03/2026
Македонија

РЕФОРМИТЕ ВО ФОКУС НА ВЛАДАТА Мицкоски најави конкретни мерки за

03/03/2026
Македонија

Битиќи предупредува: Цената на гасот веќе е двојно повисока, Македонија

03/03/2026
Македонија

Ангела Николовска од Доха: Денеска е мирно, македонската амбасада работи

03/03/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42209
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу приведените

10/03/2026

Девет возачи вчера завршиле во полициска станица поради тешки прекршоци во сообраќајот, информираа од Министерство за внатрешни работи на Република

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен за неколку кривични дела, ОЈО

04/03/2026

Судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје определи мерка краткотраен притвор од 48 часа против Стојанче Јовановски, сопругот

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци попладне

03/03/2026

Метеоролозите нѐ информираат дека утре претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со услови за појава на

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy