Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Старо и младо на дијзепам – Ни се заканува ли епидемија на зависност од седативи?
Македонија

Старо и младо на дијзепам – Ни се заканува ли епидемија на зависност од седативи?

07/08/2023

AA

Јавната дебата за употребата на дијазепамот кај Македонците и натаму во фокусот, по шокантните податоци дека е навистина употребуван лек кај нас.

– Како е можно во една година да се продадени над 1.300.000 кутии дијазепам во земјава? (Едит: ова била бројката издадена на рецепт, а во реалност е веројатно 2,5 пати поголема!) – праша професорката Тамара Јованов преку објава на својот фејсбук профил.

Доктор Ненад Лазаров, пак, праша, зошто лекарите го препишуваат овој лек „како бонбони“?

– Зошто лекарите ги препишуваат ко бонбони? Некој ја почнал праксава, сега ги гледаме последиците. Ова е масовно дрогирање, буквално. Зарем не е подобро престој во природа да им се препише на луѓето, наместо да се прават зомбија? Смеат ли аптеките да го продаваат без рецепт? Ако да, зошто? Ова е чисто лудило, а бидејќие на некој начин дозволено, луѓето ќе си мислат дека е во ред, дека нема ништо погрешно, напиша познатиот доктор.

Ставовите поделени околу заканата од епидемија на зависност од седативи.

– Општеството како организирана целина се грижи поединецот да биде функционален …. ако овие медикаменти помагаат во тоа, тие се прифатливи и дозволени … „Престој во природа“ да се препишел… ако добијам паничен напад на сред вршење на работната должност или пред важен состанок – кај ќе барам планина тогаш? Апчињата се смислени од луѓе за луѓе и не гледам ништо лошо во нивното користење, доколку помагаат да се осеќам подобро… – вели еден граѓанин.

– Медицинарите и Министерството треба да си ја сватат сериозно работата, не само за оваа епидемија на зависност од седативи, туку за сѐ друго. Оти проблемите ќе треба да се решат еден ден освен ако не чекаат да се пензионираат, па на некој друг да остават, а со секој ден проблемите во нивната сфера се сѐ подлабоки и сѐ потешки за решавање. Запрепастува нивната несериозност и незаинтересиранист кон сѐ што е нивна работа. Една дискусија дали ќе направат на оваа тема, ептен ме интересира? Срамота колку сѐ минува, а никој не чувствува никаква одговорност. Веројатно заради дијазепамот е или? – вели друг.

– Посетите кај психилог за многу луѓе се прескапи а многу и не се толку упатени, прво да се проба со когнитивна бихејвиорална терапија и некој фитопрепарат на време, поготово кај млади луѓе, очигледно најлесно и најдостапно е дијазепам за жал, вели една млада жена.

Доктор Драган Даниловски проблемот го лоцира кај  ниското ниво на медицински знаења и ниско ниво на професионална етика, поради што дијазепамите често се злоупотребуваат.

Како што вели тој, потребна е епидемиолошка анализа (проект) на т.н. фактори на ризик асоцирани со настанувањето и специфичните дистрибуции на испитуваната масовна појава, во случајот масовната употреба на дијзепамите.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ПРЕТЕПАНА ДЕВОЈКА ВО ОХРИД И ОСТАВЕНА НА УЛИЦА БЕЗ СВЕСТ

15/11/2026
Македонија

ДОАЃААТ ЈУЖНИ ВЕТРОВИ, СОНЦЕ И ПОВРЕМЕН ДОЖД Температурите ќе бидат

15/11/2026
Македонија

ПИЈАН ПЕНЗИОНЕР ПУКАЛ ОД ПУШКА ОД СВОЈАТА КУЌА Полицијата го

15/11/2026
Македонија

САШКО КЕДЕВ ВЛЕЗЕ ВО ГИНИСОВИТЕ РЕКОРДИ Со 63 години ги

15/11/2026
Македонија

ДВЕ ЖЕНИ СО ТЕШКИ ИЗГОРЕНИЦИ НА СЕМЕЈНА ПРОСЛАВА Повредените на

15/11/2026
Македонија

„ОСТАВЕТЕ МЕ НА МИРА ДА МОЖАМ СЛОБОДНО ДА СЕ ЛЕКУВАМ“

15/11/2026
Македонија

🎥 МИХАИЛОВА ОТКРИВА ДЕКА Е УЦЕНЕТА ОД БУГАРСКАТА ТАЈНА СЛУЖБА

14/11/2026
Македонија

БИТОЛЧАНЕЦ, ПРИЈАВЕН ДЕКА ЈА ДАВЕЛ ДЕВОЈКАТА СО ГОЛИ РАЦЕ, ОД

14/11/2026
  • Економија 7906
  • Магазин 4842
  • Македонија 46780
  • Регион 4000
  • Свет 20
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ПРЕТЕПАНА ДЕВОЈКА ВО ОХРИД И ОСТАВЕНА НА УЛИЦА БЕЗ СВЕСТ Полицијата го уапси нејзиното момче

15/11/2026

Тешко повредена девојка била оставена во без свест на улица пред маркет во Охрид, откако, според пријавените информации, била физички

ДОАЃААТ ЈУЖНИ ВЕТРОВИ, СОНЦЕ И ПОВРЕМЕН ДОЖД Температурите ќе бидат над просекот за овој период

15/11/2026

Следува период на променливо облачно време со повремени локални врнежи од дожд со променлив интензитет, информираат од Управата за хидрометеоролошки

ПИЈАН ПЕНЗИОНЕР ПУКАЛ ОД ПУШКА ОД СВОЈАТА КУЌА Полицијата го уапси и му го одзеде

15/11/2026

Седумдесет и двегодишен маж е уапсен откако под дејство на алкохол од својот дом во кичевското село Свињишта испукал неколку

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy