
СТАРИТЕ СТАНОВИ ВО БАЛКАНСКА ПРЕСТОЛНИНА УРИВААТ РЕКОРДИ: Kвадрат чини 6.000 евра?
Во Загреб квадрат во новите станови чини и до 10.000 евра, но според хрватските медиуми, скапи се и старите станови каде квадрат чини 6.000 евра.
Под оваа цена, многу тешко може да се најде стан. Во огласите за стан од 25 квадрати, газдите бараат 155.000 евра. Станува збор за соба, кујна и бања, простор кој е адаптиран во 2022 година. Во близина има парк, продавници, јавен превоз.
Скапи се и недвижнините во српскиот главен град Белград.
foto Shutterstock/Dreamer4787
