
Старата ќе се сруши: Полициската станица во Бутел добива нов објект!
Интензивно се работи на приспособување на новиот објект на полициската станица Бутел, информираше градоначалникот на општината, Дарко Костовски.
Тој заедно со министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски, денеска изврши увид во градежните активности. Новата станица привремено ќе биде сместена во објектот на поранешниот дом за деца без родители.
Костовски најави дека општина Бутел активно учествува во проектот, при што ќе се изврши и холтикултурно уредување на просторот околу објектот.
– „Овој објект ќе значи ново, пристојно и достоинствено место за македонската полиција“, изјави Костовски.
Постоечкиот објект на полициската станица наскоро ќе биде срушен, а според најавите, граѓаните на Бутел ќе добијат ново, урбано место.
