Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 СТАПИЈА НА СИЛА УШТЕ ЕДНИ ЦАРИНИ – како дојде до ескалација на трговската војна меѓу САД и Кина
Економија

СТАПИЈА НА СИЛА УШТЕ ЕДНИ ЦАРИНИ – како дојде до ескалација на трговската војна меѓу САД и Кина

12/04/2025

AA

Кина најави дека ќе ги зголеми увозните давачки за американски стоки од 84 на 125 отсто, а одлуката ќе стапи на сила денеска – 12 април.Тоа е одговор на одлуката на американскиот претседател Доналд Трамп, кој претходно ги зголеми американските царини за кинески стоки на вкупно 145 отсто.

„Доколку САД продолжат да воведуваат царини за кинески стоки што се извезуваат во САД, Кина ќе го игнорира“, се вели во соопштението на Државниот совет на Кина, според Ксинхуа. Според властите во Пекинг, наметнувањето на уште повисоки американски царини за кинески стоки „веќе нема да има економска смисла“ и би станало „шега“ во историјата на светската економија, пренесува CNBC.

Откако Кина дополнително ги зголеми царините за американскиот извоз денес, еве брз преглед на тоа како настанала оваа ситуација:

1 февруари: Доналд Трамп објави царина од 10 отсто за речиси сите кинески стоки што влегуваат во Соединетите држави.

4 февруари: Кина одговори со царини од 10 до 15 отсто за одредени американски производи.

4 март: САД ја удвојуваат царинската стапка за кинески стоки на 20 отсто.

2 април: Трамп објави дополнителна царина од 34 отсто за кинескиот увоз како дел од пошироката глобална тарифна стратегија, со што вкупната царинска стапка (вклучувајќи ги и претходните царини) на 54 отсто. Кина одговара со идентична мерка – царина од 34 отсто за повеќето американски стоки.

7 април: Трамп се заканува со дополнителни 50 отсто царини ако Кина не ги повлече контрамерките – вкупната стапка на царини достигнува 84%.

9 април: Кина објави дека ќе воведе царини од 8 отдто% за американските стоки почнувајќи од 10 април (наместо претходните 34 отсто). „Реципрочните“ тарифи на Трамп стапуваат на сила, а царините на Кина официјално се зголемуваат на 84%, за вкупно 104% царини. Трамп потоа најавува дека царините за кинески стоки ќе се зголемат на 125%, со што вкупната стапка (вклучувајќи ја и првата од февруари) на 145%.

11 април: Пекинг ги потврди тарифите од 125% за американските стоки и вели дека нема да одговори на дополнителни зголемувања.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу

10/03/2026
Македонија

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен

04/03/2026
Македонија

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Владата се движи кон автократски модел и не остава

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Буџетот не е во добра кондиција, дел од расходите

03/03/2026
Македонија

РЕФОРМИТЕ ВО ФОКУС НА ВЛАДАТА Мицкоски најави конкретни мерки за

03/03/2026
Македонија

Битиќи предупредува: Цената на гасот веќе е двојно повисока, Македонија

03/03/2026
Македонија

Ангела Николовска од Доха: Денеска е мирно, македонската амбасада работи

03/03/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42209
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу приведените

10/03/2026

Девет возачи вчера завршиле во полициска станица поради тешки прекршоци во сообраќајот, информираа од Министерство за внатрешни работи на Република

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен за неколку кривични дела, ОЈО

04/03/2026

Судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје определи мерка краткотраен притвор од 48 часа против Стојанче Јовановски, сопругот

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци попладне

03/03/2026

Метеоролозите нѐ информираат дека утре претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со услови за појава на

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy