Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 СТАНОВИ И ДУЌАНИ ЌЕ НИКНАТ ВО НЕКОГАШНИОТ ТЕКСТИЛЕН ГИГАНТ „ТЕТЕКС“ – беа сервисни објекти, сега таму ќе градат инвеститори
Економија

СТАНОВИ И ДУЌАНИ ЌЕ НИКНАТ ВО НЕКОГАШНИОТ ТЕКСТИЛЕН ГИГАНТ „ТЕТЕКС“ – беа сервисни објекти, сега таму ќе градат инвеститори

04/06/2025

AA

Станови и дуќани ќе никнат на дел од имотот на некогашниот тетовски гигант
за производство на текстилни производи, Тетекс, а сега компанија која престана
со оваа своја долги години основна дејност, но која продолжи и натаму да работи
и да оставрува солидни добивки.

„Тетекс“ ја информираше Македонската берза за долгорочни хартии од вредност
дека компанијата добила одобрение за градење од Општина Тетово, за изградба на
станбени објекти и деловен простор, за земјиште кое е во сопственост на друштвото,
на површина од близу 30 илјади метри квадратни.

„Тетекс
АД Тетово известува дека на 30 мај
годинава е добиено Одобрение за градење од страна на општина Тетово,
за објекти со намена А2.1 домување во станбени згради со компатибилна намена Б1
деловен, на КП бр.5448/5 Тетово 2, во сопственост на Друштвото, која е со
вкупна површина од 28.884 м2 и со вкупна книговодствена вредност од 1.233.347
денари. Согласно одобрението, Тетекс АД Тетово се јавува како еден од
инвеститорите“, се вели во објавата
која „Тетекс“ ја сподели со инвеститорската јавност како ценовно чувствителна
информација на Берзата.

Фактор се интересираше директно во „Тетекс“ за што конкретно станува збор,
но оттаму ни открија само помали детали, со оглед што во оваа фаза од
постапката не може да се обелоденува повеќе.

Се интересиравме и зошто земјиштето на кое ќе се гради е наведено дека има
толку мала вредност, односно 1,23 милиони денари, што е рамно на околу 21
илјади евра, но оттаму ни објаснија дека станува збор само за тоа колкава е
евидентираната книговодствена вредност на земјиштето.

Она што засега може да се дознае е дека „Тетекс“ се јавува само како сопственик
на земјиштето, и затоа компанијата го добила Одобрението за градба, но потоа
изградбата ќе ја продолжат други инвеститори. Токму од причина што со инвеститорите се договорени клаузули за
доверливост, не би можеле да се објавуваат повеќе информации.

Она што може да се дознае е дека становите и деловниот простор ќе се градат
во рамките на просторот на некогаш огромниот комбинатот. Практично, се работи за нивни неколку градежни парцели кои сега се ослободуваат, на место каде што досега биле сервисни објекти
или некои помошни простории, коишто сега не се потребни и ќе бидат срушени, па таму ќе стартува
изградба на станови и деловен простор.

Како што објаснуваат од комбинатот, на времето всушност „Тетекс“ бил
лоциран надвор од Тетово, како и своевремено сите индустриски капацитети, но
сега градот е толку проширен, што буквално оваа локација на некој начин доаѓа
во централното градско подрачје. 

Засега не се знае ниту кога би почнала изградбата, а се очекува практично
маркетингот и се околу афирмација на новите објекти, но и одредувањето на
нивните цени, да ги менаџираат идните инвеститори.

Како што е
познато, пред извесен период „Тетекс“
објави дека го прекинува
производството во фабриката „Конфекција“, последниот активен производствен
погон во рамките на комбинатот
. Оваа одлука беше донесена поради континуирана
нерентабилност на погонот, при што загубите од неговото работење се покривале
од добивките на другите, профитабилни деловни единици на компанијата
. Иако затворањето
на „Конфекција“ предизвика загриженост во јавноста, од „Тетекс“ истакнаа дека
компанијата не се затвора целосно, туку се фокусира на одржување и зголемување
на рентабилноста преку реорганизација на деловните активности
.

„Тетекс“ е компанија која секоја година остварува одлични
добивки, а во голем дел во тоа помагаат и нејзините акции во ТТК банка, каде
што е доминантен и најголем поединечен акционер. Малата ТТК банка работи
успешно и секоја година остварува солидни профити, кои во голем дел завршуваат
како дивиденди кај најголемиот поединечен акционер „Тетекс“. Комбинатот
остварува приходи и од продажба на текстилни производи од својата залиха, како и од рента на недвижен имот и од дивиденди. Во 2023 година комбинатот оствари добивка од
1,6 милиони
евра, а лани профитот изнесуваше 1,13 милиони евра.

„Тетекс“ лани вработувал 27 лица. За плати
вкупно „Тетекс“ исплатил 500.000 евра. Од тоа излегува дека просечната бруто
плата во „Тетекс“ лани по вработени изнесува над 1.500 евра.

За минатата година „Тетекс“ одобри за
дивиденда да се поделат 351 илјади евра.

Н.Н.Ф.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ИМ ДАДЕ ЛИ НИКОЛОВСКИ МИЛИОНСКИ ГРАНТ НА ЗАЕВИ, ИМА ЛИ

24/09/2026
Македонија

ПОСТЕПЕНАТА ИНТЕГРАЦИЈА ВО ЕУ НАСКОРО ЌЕ СЕ ОФИЦИЈАЛИЗИРА? Во разговорите

24/09/2026
Македонија

ЕСЕНТА ПОЧНА СО МИНУСНИ ТЕМПЕРАТУРИ Во Берово измерени -2 степени,

24/09/2026
Македонија

ЕВРОПСКАТА ИНТЕГРАЦИЈА ДА СЕ ЗАШТИТИ ОД ИРАЦИОНАЛНИ ОПСТРУКЦИИ Претседателката Сиљановска-Давкова

23/09/2026
Македонија

ИМАМЕ ЦВРСТИ ОДНОСИ СО САД КОИ НЕ ПРЕПОЗНАВААТ КАКО КЛУЧЕН

23/09/2026
Македонија

ОСТАНУВААТ ПРАВИЛАТА ЗА ПОЛИТИЧКО РЕКЛАМИРАЊЕ ФИНАНСИРАНО ОД ДРЖАВАТА Уставниот суд

23/09/2026
Македонија

ЉУПЧО НИКОЛОВСКИ ИЗВАДИЛ ПОТВРДА ОД ЛЕКАР-ДОНАТОР НА СДСМ Манасиевски за

23/09/2026
Македонија

СРЕДБА МИЦКОСКИ-ПЛЕНКОВИЌ ВО ЊУЈОРК Во фокусот – европската перспектива, регионалната

23/09/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 45763
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ИМ ДАДЕ ЛИ НИКОЛОВСКИ МИЛИОНСКИ ГРАНТ НА ЗАЕВИ, ИМА ЛИ СТАН ВО ДАЈМОНД МОЛ? Ексминистерот

24/09/2026

Љупчо Николовски, поранешниот министер за земјоделие, поднесува тужби и бара судска заштита, но истовремено не се појавува на закажани рочишта.

ПОСТЕПЕНАТА ИНТЕГРАЦИЈА ВО ЕУ НАСКОРО ЌЕ СЕ ОФИЦИЈАЛИЗИРА? Во разговорите со Бугарија ќе се вклучи

24/09/2026

Вицепремиерот и министер за европски прашања Беким Сали, кој е дел од македонската владина делегација на Генералното Собрание на Обединетите

ЕСЕНТА ПОЧНА СО МИНУСНИ ТЕМПЕРАТУРИ Во Берово измерени -2 степени, на Попова Шапка нула

24/09/2026

Календарски есента штотуку започна, а утринските температури во Македонија веќе паднаа под нулата. Во Берово изутринава се измерени -2 степени,

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy