Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 СТАНОВИ И ДУЌАНИ ЌЕ НИКНАТ ВО НЕКОГАШНИОТ ТЕКСТИЛЕН ГИГАНТ „ТЕТЕКС“ – беа сервисни објекти, сега таму ќе градат инвеститори
Економија

СТАНОВИ И ДУЌАНИ ЌЕ НИКНАТ ВО НЕКОГАШНИОТ ТЕКСТИЛЕН ГИГАНТ „ТЕТЕКС“ – беа сервисни објекти, сега таму ќе градат инвеститори

04/06/2025

AA

Станови и дуќани ќе никнат на дел од имотот на некогашниот тетовски гигант
за производство на текстилни производи, Тетекс, а сега компанија која престана
со оваа своја долги години основна дејност, но која продолжи и натаму да работи
и да оставрува солидни добивки.

„Тетекс“ ја информираше Македонската берза за долгорочни хартии од вредност
дека компанијата добила одобрение за градење од Општина Тетово, за изградба на
станбени објекти и деловен простор, за земјиште кое е во сопственост на друштвото,
на површина од близу 30 илјади метри квадратни.

„Тетекс
АД Тетово известува дека на 30 мај
годинава е добиено Одобрение за градење од страна на општина Тетово,
за објекти со намена А2.1 домување во станбени згради со компатибилна намена Б1
деловен, на КП бр.5448/5 Тетово 2, во сопственост на Друштвото, која е со
вкупна површина од 28.884 м2 и со вкупна книговодствена вредност од 1.233.347
денари. Согласно одобрението, Тетекс АД Тетово се јавува како еден од
инвеститорите“, се вели во објавата
која „Тетекс“ ја сподели со инвеститорската јавност како ценовно чувствителна
информација на Берзата.

Фактор се интересираше директно во „Тетекс“ за што конкретно станува збор,
но оттаму ни открија само помали детали, со оглед што во оваа фаза од
постапката не може да се обелоденува повеќе.

Се интересиравме и зошто земјиштето на кое ќе се гради е наведено дека има
толку мала вредност, односно 1,23 милиони денари, што е рамно на околу 21
илјади евра, но оттаму ни објаснија дека станува збор само за тоа колкава е
евидентираната книговодствена вредност на земјиштето.

Она што засега може да се дознае е дека „Тетекс“ се јавува само како сопственик
на земјиштето, и затоа компанијата го добила Одобрението за градба, но потоа
изградбата ќе ја продолжат други инвеститори. Токму од причина што со инвеститорите се договорени клаузули за
доверливост, не би можеле да се објавуваат повеќе информации.

Она што може да се дознае е дека становите и деловниот простор ќе се градат
во рамките на просторот на некогаш огромниот комбинатот. Практично, се работи за нивни неколку градежни парцели кои сега се ослободуваат, на место каде што досега биле сервисни објекти
или некои помошни простории, коишто сега не се потребни и ќе бидат срушени, па таму ќе стартува
изградба на станови и деловен простор.

Како што објаснуваат од комбинатот, на времето всушност „Тетекс“ бил
лоциран надвор од Тетово, како и своевремено сите индустриски капацитети, но
сега градот е толку проширен, што буквално оваа локација на некој начин доаѓа
во централното градско подрачје. 

Засега не се знае ниту кога би почнала изградбата, а се очекува практично
маркетингот и се околу афирмација на новите објекти, но и одредувањето на
нивните цени, да ги менаџираат идните инвеститори.

Како што е
познато, пред извесен период „Тетекс“
објави дека го прекинува
производството во фабриката „Конфекција“, последниот активен производствен
погон во рамките на комбинатот
. Оваа одлука беше донесена поради континуирана
нерентабилност на погонот, при што загубите од неговото работење се покривале
од добивките на другите, профитабилни деловни единици на компанијата
. Иако затворањето
на „Конфекција“ предизвика загриженост во јавноста, од „Тетекс“ истакнаа дека
компанијата не се затвора целосно, туку се фокусира на одржување и зголемување
на рентабилноста преку реорганизација на деловните активности
.

„Тетекс“ е компанија која секоја година остварува одлични
добивки, а во голем дел во тоа помагаат и нејзините акции во ТТК банка, каде
што е доминантен и најголем поединечен акционер. Малата ТТК банка работи
успешно и секоја година остварува солидни профити, кои во голем дел завршуваат
како дивиденди кај најголемиот поединечен акционер „Тетекс“. Комбинатот
остварува приходи и од продажба на текстилни производи од својата залиха, како и од рента на недвижен имот и од дивиденди. Во 2023 година комбинатот оствари добивка од
1,6 милиони
евра, а лани профитот изнесуваше 1,13 милиони евра.

„Тетекс“ лани вработувал 27 лица. За плати
вкупно „Тетекс“ исплатил 500.000 евра. Од тоа излегува дека просечната бруто
плата во „Тетекс“ лани по вработени изнесува над 1.500 евра.

За минатата година „Тетекс“ одобри за
дивиденда да се поделат 351 илјади евра.

Н.Н.Ф.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ВИДЕО Благодатниот оган се појави во Светиот гроб во Ерусалим

11/04/2026
Македонија

ПРИТИСОК ВРЗ СОФИЈА ЗА НЕПРАВДАТА КОН МАКЕДОНЦИТЕ Во рок од

11/04/2026
Македонија

ПОЛИЦИЈАТА ЛОВЕШЕ БЕЗОБЅИРНИ ВОЗАЧИ Приведени двајца пијани и десетмина без

11/04/2026
Македонија

Три лица приведени за семејно насилство во последното деноноќие

11/04/2026
Македонија

ЦЕНИТЕ НА ГОРИВАТА ПАЃААТ Дизелот ќе се намали за 2,5

11/04/2026
Македонија

Приведени 12 возачи за безобѕирно управување возило – 10 возеле

11/04/2026
Македонија

Мицкоски најави поевтинување на горивата пред Велигден: Бензинот под 1,5,

11/04/2026
Македонија

Управувал возило со 3,18 промили алкохол во крвта – полицијата

11/04/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42381
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ВИДЕО Благодатниот оган се појави во Светиот гроб во Ерусалим

11/04/2026

Во сите православни храмови денес владее празнична атмосфера, додека верниците го прославуваат Велигден – најголемиот и најрадосниот христијански празник, кој

ПРИТИСОК ВРЗ СОФИЈА ЗА НЕПРАВДАТА КОН МАКЕДОНЦИТЕ Во рок од 180 дена, Бугарија мора да

11/04/2026

Официјална Бугарија се соочува со притисок откако Комитетот за човекови права на Обединетите нации побара да му исплати оштета на

ПОЛИЦИЈАТА ЛОВЕШЕ БЕЗОБЅИРНИ ВОЗАЧИ Приведени двајца пијани и десетмина без дозвола

11/04/2026

Дванаесет возачи се приведени во изминатото деноноќие поради безобѕирно управување возило, при што најголемиот дел од нив биле зад волан

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy