Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 СТАНОТ ОД 70 КВАДРАТИ ГО СТАВИВ ПОД ХИПОТЕКА ЗА ВЛЕЗ ВО „БРАКО“ – како Кочо Анѓушев ја почна својата бизнис приказна
Економија

СТАНОТ ОД 70 КВАДРАТИ ГО СТАВИВ ПОД ХИПОТЕКА ЗА ВЛЕЗ ВО „БРАКО“ – како Кочо Анѓушев ја почна својата бизнис приказна

25/05/2023

AA

Биогасната електрана во
Сарамзалино е најновиот „бисер“ во бизнис царството на еден од водечките
македонски стопанственици, Кочо Анѓушев.

Моќна индустрија која главно
работи за извоз, трговија со струја, но и производство на овој многу значаен
енергенс, и тоа од обновливи извори, што е всушност иднината на енергетското
снабдување во светот, е портфолиото што  припаѓа
на групацијата на бизнисменот Анѓушев, кој, како малкумина негови колеги од
деловниот свет, реши својата бизнис гордост да ја сподели со новинарите.

Кочо Анѓушев е
универзитетски професор, но и деловен човек, кој во
своето портфолио ја има групацијата „Фероинвест“, фабриката „Брако“, РЕС, мали
хидроцентрали…

Откако кон крајот на декември
лани почна со работа биогасната електрана во Сарамзлино, неговата компанија
Фероинвест ќе има во своја сопственост и мали хидроелектрани, фотоволтаични
електрани, како и биогасна електрана.

„Ова е покажување на дело на тоа што јас постојано и го зборувам – дека на Македонија и е
потребна диверзификација на инвестициите во обновливи извори. Ние тоа го
правиме и со овој пример уште еднаш упатувам апел – паметно и со план да се
инвестира во обновливи извори, а државата стратегиски да ја води енергетската
транзиција и да не се прави концентрација само на еден извор“,
изјави Анѓушев
пред новинарите.

И сепак, моравме и да
прескокнеме некои од производните процеси и од халите во „Брако“, бидејќи ако ги разгледувавме баш сите, тој тајминг предвиден за посета, можеби и немаше да биде
доволен. Или, како што вели, се изодуваат 10 илјади чекори. Но, затоа овој бизнисмен вети дека ни стои на располагање, па доколку
покажеме интерес, секому поединечно и со најголемо задоволство ќе ни го покаже
секое делче и секоја машина од сите негови деловни капацитети.

Кочо Анѓушев никогаш не
беше штеден од јавноста. Особено не кога реши да се занимава со политика,
влегувајќи на вицепремиерското место за економски прашања во тогашната Влада на
екс премиерот Зоран Заев. Напротив, беше жестоко критикуван од медиумите. Тој
вели дека политичкиот ангажман е една од неговите најголеми грешки.

Средината во која живееме
се уште сака да креира аверзија кон богати луѓе. И да не им верува дека својот
бизнис и имот го стекнале на легален начин.

Го прашавме овој бизнисмен со потекло од
Велес како го почна бизнисот, од каде обезбеди капитал и која била неговата
прва инвестиција.

„Мојот дедо се занимаваше со бизнис, тој
имаше удел и беше еден од сопствениците на некогашната велешка фабрика ‘Киро
Ќучуќ. Но, со национализацијата која се случи во 50-те години од минатиот век
по војната, сиот имот му беше одземен на семејството беше национализиран“, се
сеќава Анѓушев, додавајќи дека потоа со денационализацијата им била вратена
минимална сума.

Тој, по завршувањето на средното училиште, се
запишал на Машинскиот факултет, кој во брз рок и со одличен успех го завршил.

По добивањето на независноста на земјава и
кога таа станува пазарна економија, неговиот дедо го викнал и му кажал зборови
кои му биле идеја водилка во животот.

„Сега Македонија ќе биде една бела книга и ќе
успеат тие што ќе знаат на неа да напишат големи букви. На другите, оние што ќе
го испуштат времето, ќе им останат ќошињата“.

На ова, пак, се спротивставил неговиот татко,
воспитуван како и сите други тогаш од таа генерација, во социјалистички дух.

Во тој период, можеби малкумина се сеќаваат
дека постоеше една државна Агенција, која се викаше Агенција за санација на
банка, и која ги имаше преземено хипотеките од невратените кредити
од една државна банка, и ги продаваше имотите од тие пропаднати фабрики.

Таа Агенција го продавала и имотот на
тогашното „Брако“, кое своевремено се занимавало со производство на приколки.
Но, процесот одел тешко, немало никој заинтересиран, и пропаднале седум
тендери.

На осмиот решава да се јави и Анѓушев, кој,
како што вели, немал никаков стартен капитал. Одлучиле заедно со својот партнер,
велешки бизнисмен, да се јават на осмиот тендер за „Брако“, имот кој се нудел
за цена од тогашни околу 250 илјади марки. Анѓушев зел кредит, а за него го
ставил под хипотека единствениот имот што го имал лично, стан од 70 квадрати. И
тој кредит не бил целосно доволен, па кога тргнала работата, му го вратил
преостанатиот дел на партнерот, со кого во „Брако“ поседуваат удели по 50
отсто.

И, понатаму, сѐ е веќе историја. Компанијата почнува да работи успешно и да се проширува, а
потоа Анѓушев влегува и во други бизниси, главно во енергетската дејност.

Но, како што вели додека ги разгледувавме
машините и напредните процеси во „Брако“, „јас уживам да сум тука, ова е мојот
живот“.

Речиси сите вработени ги знае по име. Заедно
со младите инженери, од кои, како што вели, дел и се уште студираат, но земаат
полна плата. Дуалното образование таму функционира, тоа е еден од најдобрите
рецепти за да се реши предизвикот со недостигот од работна сила.

А, новинарите на лице место можеа да видат како работи компанијата Брако,
каде со најсовремени
машини, стручно инженерско знаење од македонски инженери и роботизирано
производство во четири фабрики се произведуваат електрични, хидрогенски и дизел
возила за чистење, тешки метални конструкции, производи од
жица и медицинска опрема, и од каде 95 отсто од производеното се продава надвор од Македонија. 

Всушност, целата поента од ова бизнис дружење
беше дека и во нашата држава, со сите нејзини „маани“ може да се постигне добар
деловен резултат, а младите кои сакаат да одат во странство, треба да се обидеме да ги вратиме тука.

Токму таков е примерот на Арти Ќормемети од Дебар, кој Анѓушев го претстави со
големо задоволство. Тој бил еден од најдобрите студенти на Машински
факултет за хидраулика, а по
студиите отишол во Хјустон, каде што завршил постдипломски студии за обновливи
извори на енергија. Но, потоа се вратил
во Македонија и се вработил во новата биогасна електрана, „Биоентерпрајз“,
каде на главниот компјутер се контролира целиот процес – од донесување на материјал, внесувањето, дозирањето на сувата
и на течна материја во дигестерите, па до самиот крај на процесот.

Н.Н.Ф. 

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу

10/03/2026
Македонија

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен

04/03/2026
Македонија

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Владата се движи кон автократски модел и не остава

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Буџетот не е во добра кондиција, дел од расходите

03/03/2026
Македонија

РЕФОРМИТЕ ВО ФОКУС НА ВЛАДАТА Мицкоски најави конкретни мерки за

03/03/2026
Македонија

Битиќи предупредува: Цената на гасот веќе е двојно повисока, Македонија

03/03/2026
Македонија

Ангела Николовска од Доха: Денеска е мирно, македонската амбасада работи

03/03/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42209
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу приведените

10/03/2026

Девет возачи вчера завршиле во полициска станица поради тешки прекршоци во сообраќајот, информираа од Министерство за внатрешни работи на Република

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен за неколку кривични дела, ОЈО

04/03/2026

Судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје определи мерка краткотраен притвор од 48 часа против Стојанче Јовановски, сопругот

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци попладне

03/03/2026

Метеоролозите нѐ информираат дека утре претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со услови за појава на

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy