
Станковски со нов гол ѝ донесе бод на Горица против Мура (ВИДЕО)
Горица поведе со голот на Станковски во 53. минута од натпреварот, но потоа Мура во 80. минута преку Коби Морис стигна до израмнување (1-1).
За Станковски ова беше втор погодок, откако претходно погоди против Целје за победа од 1-0. Екипата на македонскиот фудбалер во моментов е на осмата позиција во првенството со 19 бодови.